ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Агентите Алексовски и Тодоровски се под суспензија, Чулев сака да ги прибере во МВР

Синиша Алексовски и Кирил Тодоровски се суспендирани од Агенцијата за разузнавање. Причината, со оглед на сензитивноста на институцијата, не се открива, но се поставува прашање дали суспензијата е поради прекршување на професионалниот кодекс во Агенцијата, но и дали тоа ќе значи одземање на нивните безбедносни сертификати?, пишува Љубиша Арсиќ за НОВА ТВ

February 2, 2020 12:32
in СКАНДАЛИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синиша Алексовски и Кирил Тодоровски се суспендирани од Агенцијата за разузнавање. Причината, со оглед на сензитивноста на институцијата, не се открива, но се поставува прашање дали суспензијата е поради прекршување на професионалниот кодекс во Агенцијата, но и дали тоа ќе значи одземање на нивните безбедносни сертификати?, пишува Љубиша Арсиќ за НОВА ТВ.

Причините за покренување постапка против разузнавач може да биде за прекршување на дисциплина, за неисполнување на задачи, за оддавање доверливи информации, за соработка со странски служби, итн. Но, што навистина се крие зад нивната суспензија?

И двајцата се сметаат за вмровски кадри и двајцата наводно се наоѓаат на списокот на техничкиот министер Наќе Чулев за трансфер од Агенцијата во МВР. Покрај нив, уште неколкумина се подготвуваат да преминат во полицијата, а претходно тоа веќе го направија петмина. Што значи околу 10 вработени од Агенцијата за разузнавање е можно да бидат пренесени во МВР.

Оваа ситуација наликува на ситуацијата од претходно, кога во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта, во следните неколку години во полицијата ја направи истата грешка – ја наполни со вработени од разузнавачките служби, тогаш тоа беше изразено со военото разузнавање. Така и еден од креаторите на незаконското прислушување, Горан Грујевски, заврши во МВР.

Лошото искуство што го има државата со ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, кога станува збор за пополнување на полициската структура со доверливи кадри, воопшто не го премислува Чулев и на крајот тој сигурно ќе ги пренесе агентите во полиција. Претходно таквата концентрација на агенти во МВР придонесе за масовно следење на комуникациите на граѓаните.

Синиша Алексовски е познат на македонската јавност како советник за национална безбедност на поранешниот претседател Иванов. Неговото име се споменуваше во судница за настаните од крвавиот 27 април. Некои од обвинетите тврдеа дека им било соопштено оти Алексовски информирал дека претседателот ќе прогласи вонредна состојба во државата, што тој го демантираше. Како и да е, Алексовски не одговараше за упадот во парлементот и нападот врз пратениците.

Кирил Тодоровски, пак, е обвинет во досието „Титаник“ со издавањето лажни лични карти на гласачи со цел да се искористат на избори. Тој беше советник на Гордана Јанкуловска во МВР заедно со Ристе Ставревски, кој сега е поставен за началник на СВР Скопје од страна на Чулев, а чие решение за поставување не го потпиша заменичката министерка од СДСМ. Ако Тодоровски биде навистина преместен во МВР, тогаш Чулев ја продолжува праксата на ВМРО ДПМНЕ да ги рехабилитира истите кадри, иако некои од нив имаат обвинение за кривично дело.

Дополнително, Тодоровски е обвинет за изборни измами токму од позицијата која ја извршувал во МВР во времето на Никола Груевски. Сега одново истиот човек е можно да се најде во полицијата во пресрет на избори. Каква гаранција може да биде тој за фер и чесни избори?

Истата дилема се поставува и за неговиот колега Ставревски од СВР Скопје. Пред неколку дена, медиумите објавија фотографии како тој седи на главната маса како модератор на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ. Тодоровски и Ставревски се сметаат како едни од главните кои и помагале на Јанкуловска во местењето избори. Во судница се читаше нивна СМС комуникација, а во прислушуваните материјали беше објавена и снимка на Ставревски со Јанкуловска. Сето тоа потврди дека двајцата наместо со полициски, се занимавале со партиски активности.

Но, од тогаш до денес ништо не се променило и како Ставревски ќе гарантира безбедни, мирни и фер избори кога партијата му предничи пред државата? – И претходно напишавме дека зад изборот на Чулев за министер стои и Алексовски. Соработниците околу нив пренесуваат дека не само во полицијата и во Агенцијата, туку Алексовски има големо влијание и во самото ВМРО-ДПМНЕ, дури нагласуваат дека во моментов било поголемо и од тоа на унгарскиот азилант Груевски.

извор: НОВА ТВ

Next Post

Застрелан полицаец со 5 куршуми во Велес, напаѓачот избегал

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk