DUEL Consulting е компанија која на пазарот е присутна повеќе од три години. Формирана и составена е од тим на искусни менаџмент консултанти кои имаат повеќе од 15-годишно професионално искуство на локалниот македонски и на интернационалниот пазар. Идејата е компанијата да нуди цел сет на услуги за развој на еден бизнис, со специјализација во делот на менаџмент, маркетинг и финансии. Преку професионалната соработка со партнерските мрежи кои DUEL Consulting ги изгради во изминатиов период, компанијата нуди и сеопфатни услуги од делот на право, сметководство, ревизија, човечки ресурси, специјализиран маркетинг услуги, односи со јавност, итн.
Според Александар Целески, извршен директор на DUEL Consulting, за еден старт-ап да профункционира потребни се ментори, финансиска поддршка, упорност, а првенствено потребна е добра бизнис идеја. Нашите стартапи, советува Целески, мора да го надминат стравот од неуспех и да го доживеат само како научена лекција.
„Можеби многумина нема да се сложат, но во моментов можеби и нема подобро место за започнување на бизнис од Македонија. Отворањето на компанија се одвива во максимум 48 часа со минимални трошоци и аднимистративни процедури. Оперативните трошоци за водење бизнис се многу мали. Имаме грантовски пари преку различни донаторски и развојни агенции. Секој ден имаме вести за тоа како не се искористени предпристапните фондови. Се лансираа и три бизнис акцелератори кои имаат големи финансиски средства за инвестирање во старт-ап компании. Веќе постои доста раздвижен старт-ап екосистем, каде ако се сака може да се најде и вмрежи со доста интересни истомисленици, да се оди на интересен старт-ап настан или да се најде бизнис консултант, ментор. Евтините оперативни трошоци и евтината програмерска работна рака се основните услови за опстојување на бизнисот.“, вели Александар Целески.
Целото интервју на Александар Целески за Иновативност.мк, може да го погледнете ТУКА.







