ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Гушкањата со медиумите со сомнителна сопственост од „соседството“ и регионот

Она пак, што е многу лигаво од страна на вмровците, кога се работи за подметнување на лаги и кукавички јајца што се пласираат од соседските или регионални медиуми, е тоа што вмровската врхушка нема храброст да се повика на наши веродостојни медиуми кои се занимаваат со проверка на факти и истражувачко новинарство, па тогаш цело граџанство да си стави прст на чело, па да си рече, чекај бе, ова се веродостојни медиуми, сигурно има нешто тука. Но, не драги мои, вмровштинската врхушка секогаш ги одбира оние другите, оние лабавите превртливи и користољубиви баснописци, оние поткупливите, оние кои имаат интерес да се дестабилизира земјата, оние кои не им е вистината во интерес, ами имаат интерес на власт повторно да дојде една криминална банда со која таквите регионални медиуми ќе кумуваат и ќе делат ќар

February 2, 2020 16:16
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

За тоа каква е спрегата на курирските медиуми во земјава со вмровската врхушка не мора многу да мудруваме за да видиме дека се работи за една извонредна „срдечна љубов“ забиберена со позамашни сумички, но она што е тренд во последнава година дена, е никнувањето на конструкции, измислици и лаги во медиуми со сомнителна сопственост од „соседството“ и регионот, па потоа повикување на тие медиуми како извор од страна на политичката партија – оставштина од будимпештанскиот бегалец.

Италијанската „Ла Верита“ е веќе апсолвиран пациент за пласирање на конструкциите од будимпештанските кујни. Тоа веќе на сите им е јасно, но тука секако се и разноразната соседска курирана и секако нашата пропагандна курирана и +информативните партал-порталчичи, а сите тие во служба на бегалецот од Будимпешта.

Кога „Ла Верита“ инсинуира за нешто поврзано со македонските случувања, неизбежно е на тоа да се надоврзе и цела радикална десничарска багра од Балканот. Исто така, неизбежно е таа нивна реакција оркестрирано и инстантно да се споделува од Грујовата медиумска пропагандна овде во Македонија. И таквите конструкции и инсинуации, драги мои до некаде и кај некои граѓани за жал успеваат да ги протнат.

Во минатото имавме случаи кога се користеа жолто-штампачки медиуми со сомнителна сопственост  од соседството и речиси секогаш тоа беа конструкции кои на некој начин им одговараа и беа во полза на грјовата вмровска оставштина.

А, ќе ги имаме до изборите на 12 април уште повеќе странско-нашите бургии, како ќе бушат измислени афери, конструкции, дезинформации, ич да не се секирате. Нам ни останува да внимаваме колку на тоа ќе им обрнуваме сериозно внимание. Гледам предмалку една ценета телевизија бркајќи викенд ексклузивитет се испотепа да пренеси еден таков вмровски прес, каде гревот вмровски пак се повикува на извори од странски медиуми за некаква си конструирана афера.

Зошто бе другарски медиуми се закачувате на пропагандната јадица на вмровците? Зошто пак информативна агенција побогу пласира вакви инсинуации и ги става медиумите во искушенија, никогаш нема да ја сфатам таа норма „пола за фашистите пола за партизаните“?

Она пак, што е многу лигаво од страна на вмровците, кога се работи за подметнување на лаги и кукавички јајца што се пласираат од соседските или регионални медиуми, е тоа што вмровската врхушка нема храброст да се повика на наши веродостојни медиуми кои се занимаваат со проверка на факти и истражувачко новинарство, па тогаш цело граџанство да си стави прст на чело, па да си рече, чекај бе, ова се веродостојни медиуми, сигурно има нешто тука. Но, не драги мои, вмровштинската врхушка секогаш ги одбира оние другите, оние лабавите превртливи и користољубиви баснописци, оние поткупливите, оние кои имаат интерес да се дестабилизира земјата, оние кои не им е вистината во интерес, ами имаат интерес на власт по секоја цена повторно да дојде една криминална банда со која таквите регионални медиуми ќе кумуваат и ќе делат ќар.

Многу логично нели е да се запрашаме зошто вмровската врхушка, не ги „ползува“ нашите медиуми ако навистина има некои сериозни индиции за криминал. Одговорот на ова прашање нема да го добиете од нив.

Погодувајте, зошто.

 

Next Post

Смаиловиќ: Муслиманките тројно дискриминирани, од мажите, од исламофобите и од самите муслимани

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk