ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Манчевски: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада не покажаа ништо освен неуспешни обиди за блокада и за обнова на режимот

„Цел месец кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се во Владата и не понудија ништо конкретно, ниту една мерка, ниту една препорака за тоа како евентуално институциите да функционираат подобро. И тоа е добро, тоа значи дека институциите функционираат согласно законите. Единствено што гледаме се блокади и обиди да се обнови режимот. Најверојатно, тоа се и насоките што ги добиваат од Будимпешта“, констатира Манчевски на денешната прес конференција.

February 2, 2020 15:39
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дамјан Манчевски, МИОА и потпретседател на СДСМ, одржа прес конференција во која ги наброја „постигнувањата“ на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада.

Според Манчевски, со своето досегашно однесување, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ не покажаа ништо, освен дека се кадри на Никола Груевски кои работат против интересите на државата.

Како последен доказ за деструктивното дејствување на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, Манчевски го наведе и барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во својот кабинет да го смести советникот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски. Тој ја потсети јавноста дека Алексовски со години беше десна рака на Иванов, а низ сведочења за процесот за 27 април јавноста можеше да слушне и за неговата улога во организацијата на настаните од крвавиот четврток.

Понатаму, Манчевски кратко се осврна на работата на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Според него, Мизрахи уште од првиот ден ги навреди жените, а потоа влезе во расправија со медиуми, и јавно му кажуваше на новинар како и за што треба да известува. „Нејзиниот тим, видовме дека е составен од лица кои се креатори на проектот Скопје 2014, како и лица кои што биле дел од кабитенот на Диме Спасов. Со други зборови, ништо ниво“ – изјави Манчевски.

За дополнителниот заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски, Манчевски вели дека „на дело и многу директно, ни покажа што значи враќање на режимот. Наместо да се грижи за земјоделците, тој исто како Груевски упадна во простории на негови вработени и јавно ги снимаше и вршеше политички притисоци“.

„Трипуновски, освен тоа што има кривична пријава за проневера на 117.000 евра, е познат и по тоа што организираше партиски протести, каде што функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ глумеа дека се земјоделци“ – потсети Манчевски.

Понатаму, открива Манчевски, дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска во својот тим, исто така, има ангажирано лица блиски на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, како и блиски соработници на поранешниот министер Зоран Ставревски кој што остави длабоки штети врз македонската економија. „И таму не гледаме ништо ново“, констатира Манчевски.

„Невенка Стаменковска Стојковски, која што е дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација е самата директно кадар на Никола Груевски. Таа беше во првите редови пред судовите кога се одвиваа судските процеси против криминалот на Никола Груевски и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“ – вели Манчевски за својата техничка заменичка.

„Цел месец кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се во Владата и не понудија ништо конкретно, ниту една мерка, ниту една препорака за тоа како евентуално институциите да функционираат подобро. И тоа е добро, тоа значи дека институциите функционираат согласно законите. Единствено што гледаме се блокади и обиди да се обнови режимот. Најверојатно, тоа се и насоките што ги добиваат од Будимпешта“, констатира Манчевски.

„Граѓаните го гледаат сето тоа и затоа на 12 април ќе го казнат ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат дека режим никогаш нема да има повеќе!“ – заклучи Манчевски на прес конференцијата по повод работата на техничката влада.

Next Post

Гушкањата со медиумите со сомнителна сопственост од „соседството“ и регионот

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk