ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Уште лаги на ДПМНЕ, Заев не бил на тајни средби ниту пак се среќавал со сомнителни бизнисмени

Подобро е за ВМРО ДПМНЕ да започне да учествува во процесот за градење на правна држава, како на пример да го поддржи Законот за јавно обвинителство, за да може сите одговорни за кривични дела да се соочат со правдата, велат од СДСМ.

February 2, 2020 22:57
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Не се точни пласираните лаги и конструкции на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната структура на ВМРО ДПМНЕ на релација Скопје – Будимпешта конструира лажни случаи, измислува лажни договори и непостоечко средби на претседателот на СДСМ. Подрумот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не знае да спакува ниту лага, Зоран Заев не бил на тајни средби ниту пак се среќавал со сомнителни бизнисмени. Криминалната матрица на ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да се промени и да научи дека помина времето кога политичарите ги користеа меѓународните релации за личен и партиски профит, она што беше карактеристика на режимското владеење, а кое се потврди во многу аудио снимки од незаконското прислушување, пишува во соопштението на партијата.

„Претседателот Зоран Заев како премиер бил во официјална посета на Малта, во сосема различна година од онаа во измислениот случај од страна на ВМРО-ДПМНЕ и за таа средба јавноста е известена, одговорно и транспаретнтно. Исто како што јавноста беше известена за средбата во Њујорк со политичките челници на Малта, во интерес на граѓанитеи државата. Бизнисменот од Либија, што го споменува ВМРО ДПМНЕ нема никаква врска со претседателот Заев, ниту некогаш се сретнал со него, ниту пак е начиј партнер.Шемата од подрумите на ВМРО ДПМНЕ за ширење лажни вести е очигледна и добро разработана. Откако узурпираа медиуми со корупција станаа и нивни уредници, па прво пуштаат вести во медиумите што ги контролираат, потоа се прават недоветни и истото го повторуваат од партиска говорница. И така вртат во кругот на лаги и измислици“, се вели во соопштението.

Подобро е за ВМРО ДПМНЕ да започне да учествува во процесот за градење на правна држава, како на пример да го поддржи Законот за јавно обвинителство, за да може сите одговорни за кривични дела да се соочат со правдата, велат од СДСМ.

„Истото го очекува и Игор Јанушев кој е дел од случајот „Дизајн“ на СЈО, како учесник во сомнителна набавка на кинеските автобуси на ЈСП. Ако ВМРО ДПМНЕ не ја опструираше правната држава и имаше искрен пристап многу лесно до сега ќе се знаеше кои се криминалци, а кои работат во интерес на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ е партијата која има неплатени 400.000 евра во претседателската изборна кампања, за ВМРО ДПМНЕ се водат две постапки во судот за нелегално финансирање на партијата, едната со лажните уплатници со донации и другата со криминалната изградба на партиската палата“, стои во партиското соопштение.

Целото опстојување на партијата и нејзиното делување почива врз криминал и врз нелегално стекнати пари.

„Шлаканицата што ќе ја добијат од народот на 12-ти април ќе биде доказ дека државата не заслужува да ја водат осомничени и обвинети, а сега и конструктори на лаги за јавноста. На 12-ти април ќе победат вистината и правдата“, велат од СДСМ.

Next Post

Атлетичарката Дрита Ислами урна рекорд стар 40 години

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk