Во знак на протест против, како што рекоа, незадоволството од ниските откупни цени на тутунот, вчера дваесетина тутунопроизводители од прилепскиот и долненскиот регион, ги блокираа влезовите во Прилеп.
Окото на порталот „Публикум“ го уловило вистинскиот момент за да прикаже како еден од протестирачите, преку личниот пример, ја образложи „оправданоста“ на протестот:
Тутунопроизводител: Че дојди тутуно, че ти кажи пресметката денеска на комбинато е 240 денари. А тутуно кај мене 170, како е 240?
Новинар: Вас толку ви помина?
Тутунопроизводител: Не, мене ми помина тутуно 220 денари!
Доволно е да се изгледа овој 14 секунди клип за да се види „спонтаноста на протестот и бесмисленоста на „незадоволните“ тутунопроизводители.
Грев е да се игра и да се манипулира со маката на земјоделецот, некои тоа ќе го сфатат порано, некои подоцна. Некои – никогаш.
извор: Публикум