ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Контролата на Државниот инспекторат не покажала неправилности во фирмата за медицински отпад

– За ова бев информиран вчера. Детално ќе ги погледнеме сите наоди што ги направиле инспекторите и заедно со општнските инспектори ги охрабруваме сите надлежни институции, инспекцискиот совет, ЈО, како и сите засегнати страни да соработуваат за да ги најдеме оние решенија што ни се потребни, порача Нуредини.

February 5, 2020 15:56
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Битолската фирма „Еко клуб“ во текот на минатата година до Дрисла транспортирала 4700 килограми медицински отпад, а само во јануари, како што вели градоначалникот Петре Шилегов, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1900 килограми. Извештајот од спроведената контрола вчера на инсталацијата во Металски завод Тито за третман на медицинскиот отпад, од Државниот инспекторат за животна средина се чека, а вонредната контрола, пак, спроведена на 12 декември на „Еко клуб“ од страна на инспекторатот, не покажала неправилности.

– Целиот овој случај го имавме на 10 декември 2019 година, на 13 декември во изјава целиот настан е пријавен во Јавното обвинителство. Градот не чекаше воопшто, а зошто нема преземено ништо треба да се упатите кон ЈО, изјави Шилегов во одговор на новинарско прашање при днешната посета на „Дрисла“

Министерот за животна средина Насер Нуредини истакна дека за случајот е информиран вчера и ги повика сите засегнати страни да соработуваат и да се најдат решенија што се потребни.

– За ова бев информиран вчера. Детално ќе ги погледнеме сите наоди што ги направиле инспекторите и заедно со општнските инспектори ги охрабруваме сите надлежни институции, инспекцискиот совет, ЈО, како и сите засегнати страни да соработуваат за да ги најдеме оние решенија што ни се потребни, порача Нуредини.

Раководителот на секторот за инспекциски надзор во животна средина и природата Хисни Тачи, увери дека конроли се прават редовно, но и вонредни по потреба.

Дозволи за транспорт на медицински отпад имаат четири компании, а три за третман на медицинскиот отпад.

Тачи истакнува дека редовно ги контролираат фирмите кои се под нивна надлежност. Последниот надзор во посочената фирма е спроведен во декември и дека дента кога е вршена контролата, а направена била по објавени информации во медиумите, не е констатирана неправилност во работењето.

– Последен надзор е напавен во декември на 12-ти. После тоа е извршен надзор во јануари. Контрола вршиме и во дугите форми што транспортираат опасен отпад, како тетовската Рецикле, Еко Клуб и Дрисла. Дрисла редовно ја контролираме во делот на транспортирање и депонирање, а секој месец се прави контрола во Дрисла, појасни Тачи, во одговор на новинарско прашање.

Појасни дека се вршат контроли редовни согласно годишната програма и вонредни по дојава, а контролата ја вршиме и вонредно.

Тачи вели дека инспекторатот е надлежен за инсталации кои преработуваат термички медицински отпад, отпасен отпад и дека градскиот инспекторат не е надлежен да ги контролира ваквите инсталации.

Министерот Нуредини ги охрабри сите инспектори да ја работат својата работа и Инспекцискиот совет да ја координира работата меѓу државните и локалните инспектори. Додаде дека ќе ги погледнат детално сите лиценци што се дадени и рече дека би сакал и во нашата земја да има Агенција за животна средина која ќе биде независна и ќе се справи со овие проблеми.

Next Post

Наташа Петровска: Битолскиот гасовод ќе биде во функција наесен

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk