ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов ги критикува ЈО и ДИЖС по скандалот со медицинскиот отпад

Случајот, како што појасни Шилегов, бил пријавен со изјава на записник од страна на инспекторот Мирослав Богдановски како градски инспектор, кај надлежната обвинителка. Притоа, додава тој, при самата пријава на надлежната обвинителка и се покажани видео снимките и фотографиите што ги поседува Градот и градскиот инспекторат.

February 6, 2020 15:28
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно неприфатливо е однесувањето на двете одговорни институции – Јавното обвинителство и Државниот инспектрат за животна средина. Педесет дена да молчите, притоа надлежниот државен инспектор за животна средина баш на 12 декември, бидејќи снимањето на градскиот инспектор било приметено од чуварските служби, на 10 кон 11 декември вечерта. Веројатно на 11 декември се чисти се и баш на 12-ти прават вонреден надзор на кој му издаваат документ дека се било во ред. И сега Градот треба да излезе виновен за тоа што пријавил? Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот ќе беше денеска инспектор.

Овие критики на денешната прес-конференција ги упати градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кон ЈО и Државниот инспекторат за животна средина во врска со случајот што градскиот инспекторат го пријави во обвинителството за фирмата „Еко-клуб“ од Битола.

Тој вели дека денеска од страна на МВР бил повикан градскиот инспекторот да го даде телефонот на кој се снимките, но снимките, како што рече тој, веќе не се наоѓаат на тој телефон.

– Одговорен обвинител веднаш бара од истражен судија налог и врши запечатување на таа инсталација, истиот ден, на 13 декември кога се пријави требаше да биде запечатена. Па да се изврши целосна истрага, па да се најдат и остатоци од органи од крв или од не знам што, што очигледно биле остранувани за на 12-ти државниот инспектор да даде решение дека се било во ред. Од цела година вонреден надзор баш еден ден после снимањето најдоа да прават контрола. Кој е овде луд? Недозволиво е однесувањето на овие две институции.

Шилегов за овој случај вели дека добиле информации дека се случува нешто сомнително во таа инсталација и на полноќ, 10-ти кон 11 декември, градскиот инспектор отишол да види што се случува.

Случајот, како што појасни Шилегов, бил пријавен со изјава на записник од страна на инспекторот Мирослав Богдановски како градски инспектор, кај надлежната обвинителка. Притоа, додава тој, при самата пријава на надлежната обвинителка и се покажани видео снимките и фотографиите што ги поседува Градот и градскиот инспекторат.

– Обвинителката повикала полиција, и после саат време излезени се на лице место заедно со градскиот инспектор. Направен е увид, бил присутен и советникот кој исто така е сведок на снимањето, на настанот. И потоа Богдановски и Градот се ослободени и од нив не е побарано ништо понатаму. Значи биле презентирани доказниот материјал на јавната обвинителка која ја составила изјавата во форма на записник за поднесување кривична пријава. Бил извршен увид, не биле побарани од него доказните материјали, а истите се содржани во самата пријава, рече Шилегов.

Од 13 декември до крајот на јануари Шилегов вели дека немаат допирна точка со предметот во ЈО.

– Ниту сме информирани, ниту сме известени, ниту знаеме дали воопшто и на кој начин се постапува од страна на обвинителството по пријавава. Имајќи го предивид сето ова, носам одлука и како градоначалник се обраќам до ЈО со допис при што го приложувам и ЦД-то на кое се наоѓаат снимките. Повторно нема никаква реакција од ЈО. Ниту од Државниот инспекторат за животна средина, вели градоначалникот.

Тој наведе дека има три фирми што носат медицински отпад во „Дрисла“ и оти од 20 јануари ги запазуваат протоколите. Вели дека не би било коректно да зборувам за нерегуларности или регуларности на Дрисла пред Градот да воспостави контрола. Тие фирми, додава тој, се носители на лиценци.

Градоначалникот верува во вчерашната изјавата на министерот за животна средина дека ќе се преиспитаат лиценците на овие фирми.

Прашан дали некој друг отпад што се декларира како опасен влегува во Дрисла, Шилегов рече дека влегува во делот од индустриската зона во Бунарџик, електронски отпад.

– Не е проблемот дали и како влегува, ако е тој регулиран и поставен и ако се депонира согласно протоколите тогаш не е проблематично, рече Шилегов.

Тој вели дека за да се добие А лиценца треба да се има определна инсталација што ќе гарантира дека ако се почитуваат протоколите тој отпад ќе стане неопасен и како комунален ќе се депонира.

– Можеби малку ќе згрешам во износите бидејќи ги добиваат фирмите по јавни набавки. Килограм медицински отпад го наплаќаат околу 490 до 500 денари килограм на болниците за да го подигнат и да го обработат. Обработката подразбира отприлика и еден час повеќе термичка обработка, стерилизирање високи температури за кое се трошат отприлика 130 киловати часови за еден час работа. Потоа се носи како комунален отпад затоа што е веќе безбеден и се депонира. Депонирањето на комунален отпад во Дрисла чини 680 денари тон. А овде им плаќаат 490 денари килограм…Видете колку е разликата во цена, а притоа да не правите трошкови за обработка на медицинскиот отпад… Јас нема да кажам докази, тука некаде ќе треба да размислуваме зошто вака се третирал медицинскиот отпад, зошто некој издал докмумент, зошто некој не поднел кривична пријава и не направил друга работа што требал да ја направи, додаде Шилегов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk