ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Денеска ќе добиеме детални информации за тројцата македонски државјани кои се под карантин

Детални информации за тројцата македонски државјани кои се меѓу патниците на јапонскиот крузер, што беше ставен во карантин во пристанишето во јапонскиот град Јокохама, каде има заразени од коронавирусот, и за уште еден наш државјанин, кој е во карантин во Франција, ќе добиеме денеска.

February 7, 2020 13:13
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

 Детални информации за тројцата македонски државјани кои се меѓу патниците на јапонскиот крузер, што беше ставен во карантин во пристанишето во јапонскиот град Јокохама, каде има заразени од коронавирусот, и за уште еден наш државјанин, кој е во карантин во Франција, ќе добиеме денеска. Ќе бидеме известени од тамошните здравствени организации кога ќе бидат подготвени да се упатат тука во државата. Контактиравме и со Светската здравствена организација и со Министерството за надворешни работи за директно да стапиме во контакт со јапонските власти.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во текот на вчерашниот ден имал средба со кинескиот амбасадор.

– Тие имаат информации за 50 кинески државјани кои се работници во компанијата „Синохидро“ кои треба да се вратат после патувањето во Кина, но им било советувано доаѓањето да го одложат. Од тие 50, тројца се од критичниот регион. На сите граѓани кои се упатуваат на патување надвор од земјата од тој критичен регион им се препорачува пред излезот 14 – дневен карантин. Значи, кинеските власти на соодветен начин се обезбедиле дека ќе испратат надвор на патување само здрави лица кои го поминале периодот на инкубација, што е за поздравување, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по неговата посета со премиерот Оливер Спасовски на реновираниот дел на Универзитетската клиника за неврохирургија.

Во секој случај, додаде, Кинеската амбасада ќе не извести кога тие ќе се упатат кон нашата земја за ние да ги преземеме нашите мерки во однос на скринингот, доколку има потреба и анализа на крвта за да бидеме сигурни дека ниту еден заразен нема да влезе во нашата земја.

Next Post

Мизрахи противуставно во МТСП ја врати старата табла во која отсуствува Северна во името на државата

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk