ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Пендаровски се сретна со продавачи на уличното списание „Лице в лице“

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, преку непосреден разговор, продавачите на уличниот печат, на Пендаровски му објаснија дека нивниот ангажман во списанието „Лице в лице“ им помогнал да преземат конкретни чекори за подобрување на својата животна состојба. Исто така, тие истакнаа дека преку продажба на уличното списание и процесот на работна интеграција, градат вредности коишто за нив биле непознати дотогаш

February 7, 2020 17:06
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска во претседателслата канцеларијата Млади Хаб се сретна со  продавачите на единственото улично списание за одржлив развој „Лице в лице“, со дел од нивните координатори, како и со претставници на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“, којашто е издавач на списанието.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, преку непосреден разговор, продавачите на уличниот печат, на Пендаровски му објаснија дека нивниот ангажман во списанието „Лице в лице“ им помогнал да преземат конкретни чекори за подобрување на својата животна состојба. Исто така, тие истакнаа дека преку продажба на уличното списание и процесот на работна интеграција, градат вредности коишто за нив биле непознати дотогаш.

Продавачот Хасан Аметовски, кој важи за еден од најискусните продавачи и е регрутиран преку Црвениот Крст на Град Скопје, вели дека секогаш го ценел трудот на луѓето кои работат и заработуваат.

-За­поз­на­ва­ње­то и ши­ре­њето на ко­нек­ци­и­те со мно­гу ху­ма­ни лу­ѓе пре­ку оваа ра­бо­та за ме­не зна­чи и лич­но по­до­бру­ва­ње на осо­би­ни­те ка­ко чес­ност, искре­ност и про­ду­ктив­ност. Се­то ова се одра­зу­ва на мо­јот живот и резултатите кон кои се стремам, ве­ли Хасан.

Меѓу присутните продавачи беше Валентин Ракип, лице без матичен број. -Секогаш кога некој за мене ќе рече дека сум дете фантом, не се чуствувам убаво. Тоа за мене е исто како да не постојам, рече Валентин на средбата, и додаде дека државата треба подеднакво да се грижи за сите свои граѓани, без разлика во какви околности се родиле и растеле.

На средбата претседателот Пендаровски ја поздрави мисијата на списанието „Лице в лице“, економски и социјално да ги зајакне ранливите групи граѓани во нашето општество, истовремено делувајќи во насока на кревање на јавната свест за важни прашања за развојот на општеството.

Претседателот Пендаровски истакна дека тој и неговиот Кабинет ja поддржуваат секојa иницијатива којшто во себе ги обединува засегнатите страни коишто сакаат да придонесат на полето на одржливиот развој, социјалната инклузија, но и да делуваат кон демаргинализација на поединците. Платформата „Лице в лице“, како што посочи претседателот Пендаровски е насочена токму кон поддршка на процесот на работна интеграција на социјално ранливите групи, а на продавачите на уличен печат им нуди и можност за социјално и економско интегрирање.

Истовремено, претседателот Пендаровски на средбата изрази поддршка и за методологијата „Социјално менторство“, која е одговор за ранливите лица кои не можат да се задржат на работните места, бидејќи, како што посочија од „Паблик“, за лице коешто долго време било исклучено или никогаш не добило шанса да биде дел од пазарот на труд, процесот на работна интеграција е комплексен и придружен е со бројни предизвици. Оваа програма преку низа алатки и документи поставува оперативен протокол за активација, за мотивирање и за задржување на работата на отворениот пазар на труд на тешко вработливи лица.

Средбата на уличните продавачи со претседателот Пендаровски е една од низата активности коишто ги организира „Лице в лице“, по повод глобалниот настан, Меѓународна недела на продавачи на уличен печат, којашто се одбележува од 3 до 9 февруари. Целта на активностите во текот на оваа седмица, е да се активираат различни чинители од заедницата коишто влијаат на социјалната инклузија на ранливите категории граѓани. Во периодот од 3 до 9 февруари се оддава почит на работата на околу девет илјади продавачи на улични весници и списанија во светот. Во земјава се регистрирани 35 улични продавачи на „Лице в лице“ во пет градови – Скопје, Битола, Струга, Неготино и во Куманово, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk