ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Семејството Симоновски ќе добие реновиран дом преку „Проект Среќа“

Фронтлајн ја објави сторијата „Самохран татко на пет деца, премрзнати и гладни“ за супстандардните услови во кои семејството Симоновски буквално се мачи да преживее,  како и за донациите кои следуваа по објавувањето „Конечно топол домот на самохраниот татко на 5 деца – хуманoста нe потфрли и овој пат“, и редакцијата е пресреќна дека работите за Симоновски добија ваков тек и убав епилог и ѝм благодари на членовите на органиацијата „Проект Среќа“ за хуманоста.

February 7, 2020 11:06
in ДЕНЕС, МОЗАИК, СОЦИЈАЛА

Продолжуваат среќните мигови за самохраниот татко Ајнур Симоновски и неговите пет малолетни дечиња од скопската населба Ѓорче Петров 2. Претседателката на „Проект Среќа“ Кристина Арнаудова за Слободен печат објави дека денеска започнува изградбата на сосема нова куќа за семејството кое немаше основни услови за живот.

„Денеска ја почнуваме првата куќа, мајсторите се веќе на терен, куќата се наоѓа во населбата Ѓорче Петров 2. Се работи за таткото Ајнур Симоновски кој има пет дечиња без никакви основни услови за живот. Куќата ќе се прави буквално од фасада, до под, до врати, и ќе биде готова за три недели. Децата ќе имаат своја соба и сè што им е потребно за нормален раст и развој“, изјави Арнаудова.

Фронтлајн ја објави сторијата „Самохран татко на пет деца, премзнати и гладни“ за супстандардните услови во кои семејстовто Симоновски буквално се мачи да преживее,  како и за донациите кои следуваа по објавувањето на „Конечно топол домот на самохраниот татко на 5 деца – хуманoста нe потфрли и овој пат“. Редакцијата е среќна дека работите за Симоновски добија ваков тек и убав епилог и ѝм благодари на членовите на органиацијата „Проект Среќа“ за хуманоста.

Да се потсетиме на дел од прилогот откако почнаа да пристигнуваат донациите:

„Јас сум среќен, искрено, навистина сум среќен“. Со оваа реченица Ајнур ја пречека екипата на Фронтлајн во својот дом.

Можеби не се исполнети сите детски соништа на Анџело, Леонора, Јасмина, Љубица и Алмир, но по многу зими поминати во студ, конечно ќе сонуваат на топло. Македонските граѓани, фирми, личности од македонската музичка сцена, не потфрлија и овој пат и му излегоа во пресрет на самохраниот татко Ајнур и неговите 5 малолетни дечиња, кои својата мака ја раскажаа пред камерата на ФРОНТЛАЈН.

Донации и хумантирната помош пристигнуваат од сите страни. Стотици граѓани им однесоа облека, обувки, храна, средства за хигиена. Помош пристигна од повеќе компании и Црвениот крст кои донесоа душеци, ќебиња, играчки, пакетчиња за дечињата, храна, млеко и пелени за најмалиот Анџело, и она што најмногу ги израдува годинава е дека за прв пат имаа новогодишна елка која со радост ја китеа.

Помош пристигна од „Виз Ер“, донации на музичката група ДНК, ЦИВИЛ, и стотици хумани граѓани.

Проектот Топол дом, како што истакна Арнаудова предвидува со донации од граѓани и компании да изгради 10 домови за луѓе, деца кои живеат во исклучително тешки услови.




Ивана Т. Зафировска

Next Post

Голем дел од Австралија под вода, дождот ги изгасна пожарите

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk