ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров – Папандреу: Преспанскиот договор ги потврдува заложбите за добрососедство и конструктивни меѓусебни односи

Договорот има значително позитивно влијание врз билатералните и регионалните случувања во однос на зголемена економија, стабилност и просперитет. Неговото понатамошно спроведување се смета за голем чекор во нормализацијата на билатералните односи што ќе им овозможи на двете држави да го искористат целиот потенцијал на политичката и економската соработка, рече Димитров на средбата.

February 10, 2020 11:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Историско е значењето на Договорот од Преспа со кој се потврдуваат заложбите за градење добрососедство, инклузивна соработка и конструктивни меѓусебни односи, истакнале на денешната средба во Скопје министерот за надворешни работи Никола Димитров и поранешниот грчки премиер и актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу.

-Северна Македонија е вистински посветена на конструктивен дијалог со грчката влада во градењето меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во кој граѓаните на двете држави би сакале да живеат. Договорот има значително позитивно влијание врз билатералните и регионалните случувања во однос на зголемена економија, стабилност и просперитет. Неговото понатамошно спроведување се смета за голем чекор во нормализацијата на билатералните односи што ќе им овозможи на двете држави да го искористат целиот потенцијал на политичката и економската соработка, рече Димитров на средбата.

 

Тој, како што соопшти МНР, ги истакна посветеноста и заложбите на Грција за остварување на европските и евроатлантските перспективи на Северна Македонија и уште еднаш укажа благодарност за грчката поддршка на последниот ЕУ Самит во Брисел и континуираните напори за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ.

Посетата на Папандреу на Скопје е во рамките на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, со цел поддршка и зајакнување на евроинтегративниот процес на земјите од регионот. 

Next Post

Финансиска полиција поднесе кривична против Лила Стојановска за даночно затајување

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk