пишува: РИБАРО
После шокантните вести кои ни пристигнаа од словенечки Нецензурирано.си, кои пишуваат дека од Унгарија преку Словенија во македонските медиуми: Алфа, Нетпрес, Лидер и Курир, се слеале тешки милиони евра само за две години, екипата од Фронлајн предводена од шефот на синдикатот, решила по кратка постапка да бара азил (трансфер) во еден од на фотката омрсените вмронски медиуми.
Како што дознава агентот на АХА, копјата се кршеле помеѓу трансфер дестинацијата Курир и Алфа. Љупче врти-опавче и нетпресот отпаднале уште во првиот круг на разгледување од хигиенски причини, и останеле Курир и Алфа како единствени веродостојни тврдокорни вмронски дестинации
За ујдурмата со азилот сосема случајно дознал и Главниот уредник на Фронтлајн, па откако редакцискиот синдикат го известиле што ги натерало на таков потег, и уредникот скромно замолил да се вклучи и тој во азилантската постава, и така комплет редакцијата да премине во едно од овие вмронски дувла и да си види еднаш бериќет.
Агентот на АХА дознава дека во барањето за брз азил, помош било побарано од трансфер медиумскиот гуру чие име кики-фрикува во медиумските кругови како врскаџија без чија помош трансферот не е возможен.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK