ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шкријељ: Вредат ли партиските поени толку да се откриваат податоци за дете во ризик 

Ја прашуваме техничката министерка дали партиските поени вредат толку за да си дозволи да открива податоци за дете во ризик? И со тоа дополнително да го загрозува. Апелираме до техничката министерка да се воздржи од натамошни активности со кои се виктимизираат децата во ризик и да го почитува начелото на доверливост од Законот за социјална заштита

February 10, 2020 23:12
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи не престанува со непрофесионалните постапки и барање на ситни политички поени преку лица кои се наоѓаат во ризик. Денеска си дозволи да си поигра и со судбината на малолетната корисничка на мал групен дом.

Центарот за социјална работа постапил согласно сите стручни упатства и процедури во вакви случаи, воден од начелото на најдобар интерес на малолетното лице. Стручните работници ги преземале сите дејствија согласно нивните законски овластувања и надлежности. Случајот е пријавен во полиција и поднесена е соодветна кривична пријава.

Сакаме уште еднаш да ја потсетиме техничката министерка на новиот Закон за социјална заштита и да ја упатиме да ги прочита членовите за услугата интервентно сместување со која се обезбедува заштита во кризна состојба, а најдолго до 30 дена и услугата за привремен престој која обезбедува заштита и стручна помош на лица кои се наоѓаат во кризна состојба во времетраење до три месеци, со можност за продолжување уште за три месеци.

Ја прашуваме техничката министерка дали партиските поени вредат толку за да си дозволи да открива податоци за дете во ризик? И со тоа дополнително да го загрозува. Апелираме до техничката министерка да се воздржи од натамошни активности со кои се виктимизираат децата во ризик и да го почитува начелото на доверливост од Законот за социјална заштита, преку кое на корисникот му се обезбедува доверливост на сите приватни податоци од документацијата која се обработува за потребите на известување, односно евиденција, вклучително и оние кои се однесуваат на неговата личност, однесување, семејна животна ситуација и начин на користење на правата и услугите на социјална заштита.

Случајот претставува грубо кршење на Конвенцијата за правата на децата како и на Истанбулската конвенција за превенција и борба против насилство врз жената и семејно насилство.

Кабинет на дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ 

Next Post

СДСМ: Политичката согласност околу содржината на законот за ЈО не е загрозена

НАЈНОВО

До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот

Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа – во Рафа и Кан Јунис

November 2, 2025

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk