Народе мој, успеавме Конечно стануваме дел од НАТО! По години патешествија, блокади, режим, стагнација и изолација, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.
„Им благодарам на сите пратеници од пратеничката група на СДСМ, на сите пратеници од другите партии кои беа свесни за историската одговорност која ја имаат, за храброста да носат одлуки кои ја менуваат иднината. Нашето место е во ЕУ и НАТО! #МКвоНАТО #MKinNATO“