ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски направи уште еден политички лупинг без да ги поткрене панталоните

Извршните комесари му удрија банана на претседателот (намесникот, во случајов), без да го чекаат да ги поткрене панталоните. Од надвор, тоа изгледа само како уште еден политички лупинг, но во магла, па затоа никој не го забележа. Ова може да се толкува и како знак дека партијата, на некој перверзен начин, влегла во процес на внатрешно демократизирање.

February 13, 2020 19:45
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако најави дека ќе го бојкотира Собранието во преостанатите денови и часови пред да се распушти, а откако ќе се гласа за законот за јавно обвинителство, Мицкоски ден подоцна сѐ уште е во Собранието. Наводно, Извршниот комитет на партијата одлучил да ја блокира оваа негова намера. Со други зборови, неговата иницијатива не е одобрена од азилантскиот шатор во Будимпешта.

Се разбира, оваа акробација беше само уште еден обид да се блокира Собранието. Заканата со бојкот во самиот финиш на законодавните процеси беше очајнички обид да се привлече вниманието и да се упати уште некоја уцена или да се купи време. Веројатно и со пуста надеж дека некој ќе поита да го убедува дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во работата на законодавниот дом е неопходно. Откако виде дека никој не му обрна внимание, Мицкоски, ден потоа, објави дека Извршниот комитет на неговата партија не ја прифатил идејата за бојкот. Каков пораз! Или?

Има неколку начини да се разбере овој политички лупинг. Привремениот намесник на ВМРО-ДПМНЕ веќе никој не го сфаќа сериозно во јавноста и во политиката. Неговите постапки и изјави сѐ почесто остануваат без одглас во јавноста или наидуваат на коментари од типот „те слушнавме и првиот пат“. Ова, особено откако на вмровското матно небо се појави новата радикално антизападна „ѕвезда“ Мизрахи.

Станува сѐ поочигледно дека во врвот на партијата има сериозни несогласувања, а од други ситуации се гледа дека има повеќе фракции што меѓусебно се во конфликт. Тоа во нормални околности и во нормална партија, би било сосема секојдневна појава, но не и во случајот со оваа структура. Не е прв пат, намесникот (извршителот) на Груевски да добива заушки од својата партија. И на митинзите со по 12-13 учесници низ Македонија, и од раководните структури, па и од, вообичаено слепо послушните, квази експертски приврзоци на партијата.

Во случајот со оваа навидум неважна епизода, веројатно се работи за неговата осаменичка мисија што не добила зелено светло ни од Будимпешта. Некој во редакцијата праша со „носталгија“: Еее, кој во партијата имаше храброст да му се спротивстави на Груевски, на времето? Се разбира, позната е папочната врвца на „белата палата“ со азилантскиот шатор во Будимпешта. Деновиве може да очекуваме повеќе пикантерии за овие политичко-финансиски врски, но и до сега протече повеќе од доволно „материјал“ за тоа.

Извршните комесари му удрија банана на претседателот (намесникот, во случајов), без да го чекаат да ги поткрене панталоните. Од надвор, тоа изгледа само како уште еден политички лупинг во магла, што ретко кој воопшто и го забележа. Ова може да се толкува и како знак дека партијата, на некој перверзен начин, влегла во процес на внатрешно демократизирање.

Како и да е, останува да видиме дали Мицкоски ќе аплаудира кога ќе се донесе законот за јавно обвинителство или ќе прави нешто друго со рацете.

 


Сите права се задржани.

Tags: бојкотВМРО-ДПМНЕГруевскилупингМизрахиМицкоскипанталониСобрание
Next Post

Каевски до Андоновски: За голема среќа на сите граѓани вие нема да дојдете на власт

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk