ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Потребна е предистражна постапка за наводите за нелегално финансирање на неколку македонски медиуми

Со право темата на хибридни закани станува актуелна особено во предизборието. Хибридната војна не е ништо ново во демократските земји во светот. Повеќе или помалку хибридните закани може да добијат дополнителен облик . Тоа значи дека некоја страна, во или надвор од државата, има некаков интерес да направи напад врз некој сегмент од општеството“, вели Петровска.

February 13, 2020 12:36
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска на панел дискусијата „Слободни избори наспроти црната пропаганда“ која денеска ја организира ЦИВИЛ зборуваше за хибридните закани врз демократијата, но и за неодамнешниот скандал со наводите кои ги изнесе словенечкиот портал Нецензурирано, за слевање на 2,5 милиони евра во пет медиуми во Македонија.

„Со право темата на хибридни закани станува актуелна особено во предизборието. Хибридната војна не е ништо ново во демократските земји во светот. Повеќе или помалку хибридните закани може да добијат дополнителен облик . Тоа значи дека некоја страна, во или надвор од државата, има некаков интерес да направи напад врз некој сегмент од општеството“, вели Петровска.

„Кога станува збор за работата на Министерството за внатрешни работи, наводите кои беа изнесени не може да бидат отфрлени со една политичка изјава. Затоа што наводите имаат сериозни индиции не само за хибридна војна, туку и за нелегално финансирање. МВР во координација со јавниот обвинител имаат добар материјал за започнување на предистражна постапка по ова прашање. Игнорирањето на вакви индииции е многу несериозен, затоа што ваквата постапка кажува колку овие прашања се важни за нас“, вели Петровска за последниот скандал со финансирање на дел од македонските медиуми.

Петровска смета дека решението на проблемите треба да го гледаме малку пошироко.

„Сите имаме свој делокруг на дејствување. Потребна е поширока државна стратегија во која сите чинители ќе бидат вклучени и ќе можеме заедно да се бориме против тоа. Целта на хибрините закани не се од добробит за државата. Затоа го сметам ова прашање за национално прашање и треба да добие поширок контекст“, вели Петровска.

М. Ивановска/ЦИВИЛ

Next Post

Досетливо мамеле цвеќари и угостители, ги земале парите и бегале

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk