За само две и пол години успеавме да оствариме дури 70 проценти од програмата која беше зацртана во ресорот за труд и социјална политика и ако имавме мандат од 4 години ќе имавме реализација од 100 проценти, изјави вицепремиерката за економски прашања и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска во интервју за емисијата 360 на Алсат.
– Мислам дека направивме многу во овие 2,5 години во подигање на стандардот на најранливите категории граѓани. Социјалната реформа дава резултати но таа е долгорочна и во следните 5 години ќе ги покаже целосните резултати, заклучи Царовска.





