ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Автопатот Тетово – Гостивар е најфреквентниот пат во земјава (инфографик)

Според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, ПГДС на автопатот Тетово – Гостивар лани изнесувал 16.300 возила. Веднаш по него следуваат автопатските делници на источните влезови на Скопје: Хиподром – Кадино – Петровец со 15.887 и Миладиновци – Хиподром со 15.836 возила во просек дневно. Воедно, автопатите Скопје – Тетово, Миладиновци – Куманово, Петровец – Велес и скопската обиколница останале и минатата година високо на листата на патишта со највисока фреквенција на возила

February 16, 2020 11:39
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Девет од десетте најфреквентни патишта во 2019 година во земјава се изградени во профил на автопат, а најмногу возила лани биле регистрирани на автопатот Тетово – Гостивар. Просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) е еден од главните индикатори во развиените земји за донесување на одлуки за инвестиции во нови патишта или за реконструкција и надградба на постојната инфраструктура, пишува МЕТА.

Според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, ПГДС на автопатот Тетово – Гостивар лани изнесувал 16.300 возила. Веднаш по него следуваат автопатските делници на источните влезови на Скопје: Хиподром – Кадино – Петровец со 15.887 и Миладиновци – Хиподром со 15.836 возила во просек дневно. Воедно, автопатите Скопје – Тетово, Миладиновци – Куманово, Петровец – Велес и скопската обиколница останале и минатата година високо на листата на патишта со највисока фреквенција на возила.

За одбележување е фактот дека една патна делница лани била преоптоварена со сообраќај, иако не станува збор за траса што е изградена на ниво на автопат. Станува збор за патот Струмица – Дабиље – Ново Село, којшто во 2019 година имал ПГДС од 12.297 возила.

Наспроти ова, бројките на ЈП за државни патишта покажуваат дека кај одредени проекти во кои се инвестираше во изминатиов период нема доволна фреквенција на возила преку која би се „исплатила“ инвестицијата. Па така, на автопатот Миладиновци – Штип, на потегот од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково, лани автоматските бројачи регистрирале ПГДС од 6.421 возила. На патниот правец Страцин – Крива Паланка, каде што во моментов се гради новиот експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, во 2019 година бил измерен ПГДС од само 2.808 возила.

Покрај тоа што претставува индикатор при определувањето на идни инвестиции во патната инфраструктура, мерењето на фреквенцијата со автоматски бројачи го дава вкупниот број на возила што минуваат по одредени патишта, а со тоа и можноста да се осознае рокот во кој би се извршил поврат на вложените средства при изградба на нова делница на која би се наплаќала патарина.

 

Next Post

Министерството за здравство и СЗО на 27 февруари го организираат вториот Национален форум за здравје

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk