ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Француски медиуми: Макрон попушта за Северна Македонија и Албанија

Париски „Фигаро” насловува „Макрон помек за Албанија и за Северна Македонија”, „Опинион” Новите пристапувања во ЕУ: Макрон подготвен да ја промени својата позиција, „БФМ ТВ” – Макрон попушта за преговорите за членството на Албанија и Северна Македонија, „Ла Трибун“, Проширување на ЕУ – Макрон помек за Албанија и Северна Македонија или „ Бурсорама” Макрон го отвори патот за приемот на Северна Македонија и Албанија. Сите тие ја пренесуваат изјавата на претседателот Емануел Макрон дадена на конференцијата за безбедност во Минхен.

February 16, 2020 13:52
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Француските медиуми, веднаш ја пренесоа веста од Безбедносната конференција во  Минхен, дека шефот на француската држава Емануел Макрон е подготвен да го подигне противењето на својата земја за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија но ова под соодветни услови, јавува дописникот на МИА.

Париски „Фигаро” насловува „Макрон помек за Албанија и за Северна  Македонија”, „Опинион” Новите пристапувања во ЕУ: Макрон подготвен да ја промени својата позиција, „БФМ ТВ” – Макрон попушта за преговорите за членството на Албанија и Северна Македонија, „Ла Трибун“, Проширување на ЕУ – Макрон помек за Албанија и Северна Македонија или „ Бурсорама” Макрон го отвори патот за приемот на  Северна Македонија и Албанија. Сите тие ја пренесуваат изјавата на претседателот Емануел Макрон дадена на конференцијата за безбедност во Минхен.

– Сите чекаме извештај од Европската комисија во март за двете земји. Мораме да видиме што ќе каже Комисијата за состојбата со очекуваниот напредок и во зависност од ова (…) ако резултатите се позитивни и се воспостави доверба, ние тогаш треба да можеме да отвориме преговори, рече претседателот Макрон на годишната конференција за безбедност во Минхен.

Сепак, како што пренесуваат француските медиуми, Емануел Макрон ја отфрли идејата за чисто француска блокада во оваа афера.

– Ја поздравувам големата храброст што се состои во тоа да се кријат зад Франција кога има несогласување, но можам да ви кажам дека неколку држави беа против започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија – рече тој.

Предметот за Северна Македонија и Албанија, според француските медиуми  е блокиран веќе неколку недели, што предизвикува иритација кај засегнатите две држави на Балканот, но и иритација на европските партнери на Франција, како Германија, наклонета за проширувањето на Европската унија на Балканот.

Европската комисија, продолжуваат француските медиуми, неодамна поднесе построга и реверзибилна постапка за пристапување во ЕУ со цел да ги исполни условите на Франција во однос на овие две земји, пред самитот за Балканот во мај.

Париз, сега чека извештај за реалноста на реформите што се бараат од овие земји. Ова прашање ќе се најде на дневниот ред на 25 февруари на состанокот на министрите на 27 земји членки на ЕУ во Брисел. Предлогот не ги менува правилата за членство. Но, тоа ќе се заснова на заслугите и ќе подлежи на услови. 

Next Post

Донесени и Законите за Советот на јавни обвинители како и Законот за одбрана

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk