ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Царовска, Шкријељ и Наумоски: Ѓорче Петров ќе добие нова градинка, силно инвестираме во раниот детски развој

Во градинката, што се гради во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, дел од детството ќе минуваат 175 деца.

February 19, 2020 15:23
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Континуирано го зголемуваме опфатот на деца во предучилишните форми на воспитување и образование. Тоа е висок приоритет на Министерството за труд и социјална политика и Владата затоа што раното учење игра клучна улога во развојот на децата. Тоа е важно и од друг аспект – овозможува родителите да се активираат на пазарот на труд, порачаа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, кои беа на градилиштето каде за година и половина ќе биде завршена новата градинка во населеното место Волково.

Царовска притоа потенцираше дека вложувањето во децата е најдоброто вложување што го прави државата и директно вложување во економијата.

-Новата градинка ќе ги релаксира просторните услови на децата кои веќе одат во постоечките градинки во овој дел од градот и ќе се обезбедат многу посовремени услови за згрижување на децата. Како Влада навистина покажавме дека инвестирањето во предучилишното образование е наш висок приоритет. Само во две и пол години вложивме повеќе од 180 милиони денари, што покажува дека сакаме да ја подобриме инфраструктурата во детската заштита. Исто така, преку програмата на Светска банка, обезбедивме 15 милиони евра, за дополнителни инвестиции во градинките. Важно ни е и да се зголемува квалитетот на програмите за рано учење и ран детски развој. Ова го правиме со цел да го подготвиме новиот човечки капитал што го имаме во нашата држава, да може да ги пресретне современите текови на живеење и полесно да се справи со сите предизвици. Со тоа директно придонесуваме за развој на економијата и на државата во иднина“, нагласи Царовска.

Министерството за труд и социјална политика во буџетот за 2020 година издвои 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градинки.

-Градинките не се места каде децата само се згрижуваат, јадат и спијат, туку тоа се места каде децата почнуваат да учат, да го осознаваат светот и да се социјализираат. Затоа е навистина важно секое дете да има еднакви можности за старт во живот, а наша обврска како институции и од централната и од локалната власт е тоа да им го овозможиме. Токму затоа силно инвестираме во раниот детски развој. Вкупната инвестиција во оваа градинка е над 80 милиони денари, од кои околу 73 милиони денари се обезбедени од МТСП заедно со Светска банка, рече дополнителната заменик-министерка Шкријељ.

Градоначалникот Наумоски рече дека градинката ќе биде најубавата во државата. Во градинката, што се гради во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, дел од детството ќе минуваат 175 деца.

Мината година платите на стручниот кадар во градинките пораснаа за 26 проценти, потесетуваат од МТСП. Во следните четири години опфатот на деца во предучилишно образование ќе се зголеми на 60 отсто. За да се оствари стратешката цел на Владата за вклучување на што повеќе деца во предучилишно образование, Министерството за труд и социјална политика работи на зголемување на пристапот и опфатеноста не само во градинките туку и на формирање центри за ран детски развој.

Next Post

Кузеска: Словенечки медиуми укажуваат на сомнително финансирање на медиуми за да работат против интересите на државата

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk