ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Владата демантира: Постапивме законски и ги поништивме незаконските решенија на министерот Чулев

-Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на преодната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР, и тоа само по хоризонтална линија, соопшти владината прес-служба.

February 19, 2020 17:20
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на министерот се незаконски. 

-Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на преодната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР, и тоа само по хоризонтална линија, соопшти владината прес-служба.

До моментот на одржувањето на 9-тата седница техничкиот министер, како што посочуваат од Владата, имаше направено промени на 14 раководни места по хоризонтална линија, и дури 131 распоредување по вертикална линија што е спротивно на Законот за влада и договорите од Пржино.

-На 9-тата седница, на која Владата донесе одлука да бидат поништени решенијата и наредбите со кои се налагаат кадровски промени по вертикална линија во структурата на МВР, на техничкиот министер за внатрешни работи Чулев детално му беа објаснети и протолкувани одредбите според кои тој не смеел да ги издаде тие решенија и наредби, и внимателно му се објаснети одредбите според кои Владата е овластена да ги поништи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

За ова на увид на јавноста може да послужи стенограмот од 9-тата седница на Владата.

-Владата на Република Северна Македонија никогаш нема да си дозволи да „уништи“ или да „прикрие“ докази како што порачува Чулев, и ги повикува сите надлежни институции и јавноста да извршат увид во стенограмите и одлуките од 9-тата седница на Владата, се истакнува во соопштението. 

Next Post

Димитров: Добрите вести од Шпанија се реалност во март

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk