пишува: РИБАРО
Се хранел, вели Заев кај Жаре во „Еден на еден“, со сендвичи, паштети, виршли дури престојувал во Скопје. Човекот замислете не знае да си спреми пржени лепчиња, а води држава. не знае виршла да спреми а нè внесе во НАТО, го отвори патот за влез во ЕУ, а јаде ајвар.
А. бе жив мајтап е овој Муртинецот, што да ви кажувам. Вели во друга прилика, одел на нива, берел пиперки, носел гајби, за сега преку своите фирми да обезбедува егзистенција на 1000 семејства. Замислете, живеел студентски живот а ваму Премиер на држава.
Каде бе со овој?
А, бе, не да се рани како секој нормален (проби)свет, нели, како што практикуваа власт господата вмровци блиски до народот со: срна во сос од врган, стек од коњ, стек од бизон, бифтек од дивеч… Овој мачкал мајонез и ајвар и тоа не таму некогаш, туку и кога бил Премиер?!
– Брука невидена!
Па, пази ваму – уште е горд на тоа дека со сопствен труд стекнал сè во животот, па бил за време на вмровците и покрај сите опструкции најуспешен градоначалник. Ваков ли неснаодлив да го оставиме да ни води држава, кога имаме алтернатива од другата страна – Професор човек, кој знае да искористи прилика и само за неколку години дури бил на власт и советник на Премиер, се стекнал со милионски имот и хидроцентрали, кој напредувал до професорската фотеља како асистент на сопствениот татко, а, бе како фиљан човек, нели. Така нормално, еснаф на тато е тој, итар, само снаодливи успеваат во животот.
А не муртинецот, студент бил во Скопје и учен бил со паштетчиња и виршли.
Клошар?!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK