Прво и основно кога зборуваме за искуство, министерката Мизрахи нема ден искуство во труд и социјална политика, рече Бојан Маричиќ во „Патот кон“ на Алсат М.
„Министерката Мизрахи направи скандали, не отвори скандали. Тоа беше проблемот. Што она влезе да прави скандали во министерството, а не да отвора. Министерката претходна, Царовска е убедливо најуспешната министерка за труд и социјална политика“, рече Маричиќ.
Во однос на Законот за јавно обвинителство, советникот на експремиерот Зоран Заев во вечерашната дебата на Алсат ТВ изјави дека пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ доаѓале кај него велејќи дека трпат жестоки закани и уцени од партијата да не гласаат за Законот за Јавно обвинителство. Маричиќ вели дека притисоците биле многу по големи од оние за Уставните промени.
Дојдоа кај мене пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кажуваа дека биле убедувани да не гласаат за Законот за ЈО, од емоции, до закани, до понуди, семејствата дека ќе им страдаат. Три пати поголеми притисоци имале осумтемина пратеници од независната пратеничка група за Законот за ЈО отколку за промена на името. Им се заканувале и ги и уценувале Колата на Емилија Александрова ја искршија, вели Маричиќ.
„Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше да ги извадат „бомбите“ од институциите и потоа тие да судат.Случајот Талир 1 и 2 беше проблемот на почетокот од преговорите за Законот за ЈО со ВМРО-ДПМНЕ. Тие бараа сите предмети после 30 јуни 2017 година да не постојат воопшто. Тие случаи да бидат затворени тотално. Потоа главната идеја на ВМРО-ДПМНЕ беше како тие да назначат обвинител што ќе ги штити“, рече Маричиќ.