ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Договорените тендери се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, денес постапките се јавни и транспарентни

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес не се договараат цените по телефон и со тајни разговори туку се јавно објавени постапки на кои победува тој што нуди најниска цена. Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

February 20, 2020 19:51
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги, измислици и вештачки креирани сценарија продолжува во нивни познат стил. Но, реалноста е дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ се со краток рок и не им поминуваат. Така, не помина ни денешната лага од белиот дворец, во која е повикана министерката за одбрана Радмила Шекеринска за наводни сомнителни тендери. Од ова само се потврдува очајот на ВМРО-ДПМНЕ во нивната безидејност и немањето што да им понудат на граѓаните, освен лаги од краток рок, велат од СДСМ.

„Машините за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во настап на нервоза при телевизиското соочување со министерката за одбрана, а потоа и неговата партија се огласи, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

Освен јавниот  повик до сите фирми да земат учество во набавката и техничкиот дијалог, било одговорено на сите прашања, предлози и сугестии токму во насока на зголемување на конкуренцијата.

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес не се договараат цените по телефон и со тајни разговори туку се јавно објавени постапки на кои победува тој што нуди најниска цена. Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

На лицемерието на  ВМРО-ДПМНЕ му нема крај. Истата таа партија го кочеше Законот за одбрана во Собранието, особено важен за нашето членство во НАТО, со години ги држеше замрзнати платите на вработените во армијата и не направи ништо позитивно.

Наспроти нив, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата, платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари и обезбеди надомест од 7000 денари за станарина.

Затоа,граѓаните на 12 април ќе ги поразат лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“, се вели во партиското соопштение.

Next Post

Жбогар очекува фер избори, а изборната кампања да се фокусира на реалните прашања

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk