ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Жбогар очекува фер избори, а изборната кампања да се фокусира на реалните прашања

-Има многу работи кои вашата земја треба да ги испорача и токму поради таа причина постои процес на проширување и во овој момент не може да влезете во ЕУ. Прво би требало вашата економија, вашето општество, животна средина и државни институции сите да се подготват за да влез во ЕУ и токму поради тоа постои процес на преговори со цел да се подготвите. Со еден збор вашата земја треба да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

February 20, 2020 19:54
in ИЗБОРИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија неодамна уште еднаш ја повтори нејзината препорака и нејзиното убедување дека е време да се отворат преговори со вашата земја, односно со Република Северна Македонија, истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната негова прва посета на Пробиштип.

Тој забележа дека минатиот октомври земјите членки на ЕУ побараа нова методологија, односно нов процес на отварање на преговори со земјите кои бараат да влезат во ЕУ.

-Во тој контекст Европската комисија изготви документ, којшто сега е во процес на дискусија меѓу земјите членки на ЕУ. Ние се надеваме дека и тој услов или предуслов или таа патна препрека наскоро ќе може да биде тргната се со цел за да можеме понатаму да земјите членки отвараат или да дадат датум за преговори, рече Жбогар.

Прашан што Република Северна Македонија треба да направи за да влезе во ЕУ,  Жбогар истакна дека има уште работи коишто земјата треба да ги испоарача.

-Има многу работи кои вашата земја треба да ги испорача и токму поради таа причина постои процес на проширување и во овој момент не може да влезете во ЕУ. Прво би требало вашата економија, вашето општество, животна средина и државни институции сите да се подготват за да влез во ЕУ и токму поради тоа постои процес на преговори со цел да се подготвите. Со еден збор вашата земја треба да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

Прашан како гледа на изборниот процес, којшто претстои во Република Северна Македонија, Жбогар со одговор дека очекува да се спроведат фер и демократски избори, како и до сега.

-Собранието на Република Северна Македонија само што се распушти и какошто вие рековте веќе влегуваме во изборен период. Тоа што сите го видовме во текот на минатите избори, било тие да се за претседателски или парламентарни избори, на некој начин ги крена очекувањата многу високо. Затоа што сите тие беа спроведени на перфектен, соврешен начин, ние како Европската унија не очекуваме ништо помалку, па ниту подолу од тие очекувања, односно од начинот какошто беа спроведени минатите избори. Ние се надеваме дека овие избори ќе бидат слободни, и дека ќе бидат фер, вели Жбогар.

Тој рече дека очекува изборната кампања да се фокусира на реалните прашања, за коишто денеска и разговарал со младите во Пробиштип, а поврзани со образованието, здравството, миграцијата, а политичките прашања помалку да доминираат.

-Така да ние како ЕУ се надеваме дека острата реторика меѓу политичките партии ќе се намали и оти политичарите ќе можат конечно да се фокусираат на прашања или на реални резултати да можат да ги испорачаат за своите граѓани, вели Жбогар.

Next Post

Неспособниот Мицкоски не може да се помири што тој не успеа да го реализира стратешкиот енергетски проект „Чебрен“

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk