пишува: РИБАРО
Фала богу, имало госпО!
Игор Јанушев ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ во емисија на ТВ рече дека неговата партија се залага за целосна департизација на правосудството. Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ќе го решавале правосудството, можете ли да поверувате кое олеснување и радост е тоа?!
Агентот од АХА, јавува дека утрово колони од судии, обвинители, пред Белата палата чекаат да влезат. На влезот Гоца со тефтерчето ги селектира, кој има приоритет да учествува во елитниот правен дрим-тим на вмровците, а кој ќе го свикаат покасно.
Дрим тимот ќе го предводат брачниот пар Михајло и Филимена Маневски. Софија „го испуши сварофски судијката“ Лаличиќ во координација со марко Зврлевски, ќе ги приготвувала сет мерките за рефома на правосудството. Не знам за вас, но нам од АХА, солзи радосници ни протекоа кога ги слушнавме имињата од реформаторите.
Да, нашата цел е нулта корупција и неселективна правда рече ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев и екипата на АХА силно му верува на човекот.
Шуќур!
Видео бонус:
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK