ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Клучната одредба во Преспанскиот договор, а е многу важна за нашиот идентитет, е што постои македонски јазик внатре, МКД, МК, македонски… 

Прашан дали во сите прилики го користи името Северна Македонија, Пендаровски истакна дека го користи во официјални прилики. 

February 21, 2020 23:10
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бев записничар кај двајца претседатели и немаше Влада што не се согласи со каква било додавка за името, но историјата ќе каже чија е одговорноста, вели претседателот на државата Стево Пендаровски за Преспанскиот договор со кој беше сменето уставното име на нашата држава. 

– Не постоеше никакво расположение кај која било политичка постава, се додека не се појавија Заев и Ципрас, да се менува името, рече Пендаровски.

Клучната одредба која денес ја има во Преспанскиот договор, а е многу важна за нашиот идентитет, нагласува во „Само интервју“ на телевизијата Канал 5 Пендаровски, е што постои македонски јазик внатре, МКД, МК, македонски… 

Прашан дали е можна ревизија на Преспанскиот договор, Пендаровски смета дека е можно, но не е реално.

– Објективно во секоја идна Влада, како и досега, имате значаен албански партнер, на кои да не се лажеме, името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи бидејќи тие не се Македонци и тие би сакале да бидат во обединета Европа. За нив тоа е примарна политичка цел, појасни Пендаровски.

За примената на Преспанскиот договор, шефот на државата порача дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно, за трговската ознака, за што е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

– Се додека тоа не се направи, вие не можете да го присвојувате тоа име, истакна претседателот Пендаровски.

Прашан дали во сите прилики го користи името Северна Македонија, Пендаровски истакна дека го користи во официјални прилики. 

Според него, референдумите во историјата на Балканот, никогаш не се покажале како корисна алатка, а во светот, во Швајцарија се користат, како демократска алатка.

Околу Изборните единици, Пендаровски вели дека има отстапувања во сите шест изборни единици, но колкаво е тоа не се знае.

За партиската поделба во нашата држава, претседателот Пендаровски нагласи дека поделбите се неспорно големи, дури се подлабоки од кога било, пред се од партиски причини.

– Партизацијата во институциите е на недозволено високо ниво за една држава која претендира да биде членка на ЕУ, изјави меѓу другото шефот на државата.

Решавањето на прашањето за Косово, подвлекува Пендаровски, не може да нема влијание и на Македонија и на БиХ.

– Ставот на државниот врв, не само мојот досега бил и мора да остане понатаму, дека не сме за промена на границите било каде во регионот. Ако мислат светските фактори дека тоа е единствено решение, тогаш мора да добиеме некаква меѓународна гаранција дека други граници во регионот, вклучително и нашите нема да се менуваат, дециден е Пендаровски.

Прашан дали размислува да се кандидира повторно, Пендаровски вели дека до 2024 година има многу време за да размислува.

Next Post

Во обид за политички профит во Крушопек, Чулев и ДПМНЕ со мега скандалозна утка

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk