ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Хрватот Зубчиќ со историска победа во велеслаломот во Јапонија

Хрватот Филип Зубчиќ ја запиша својата прва победа во кариерата за Светскиот куп во алпско скијање, откако заврши прв во велеслалом во зимскиот центар Нигата Јузава-Наеба. Зубчиќ беше само 12-ти по првото спуштање, но даде прво време во второто и дојде до успех со вкупно време од 2: 37,25 минути. Неговиот најдобар пласман досега беше второпласиран во Аделбоден минатиот месец

February 22, 2020 11:30
in СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватот Филип Зубчиќ ја запиша својата прва победа во кариерата за Светскиот куп во алпско скијање, откако заврши прв во велеслалом во зимскиот центар Нигата Јузава-Наеба. Зубчиќ беше само 12-ти по првото спуштање, но даде прво време во второто и дојде до успех со вкупно време од 2: 37,25 минути. Неговиот најдобар пласман досега беше второпласиран во Аделбоден минатиот месец.

Ова е историски ден за Хрватска, а победата на Зубчиќ е прва за неговата земја надвор од семејството Костелиќ и прва во машкиот велеслалом.

– Јас сум многу горд што ова е прва победа за Хрватска во велеслалом во Светскиот куп за мажи. Овој успех е за мојот тим и моето семејство, кои ме поддржуваат во последните 21 година, рече Хрватот по трката.

Швајцарецот Марко Одермат заврши на второ место, на 74 стотинки заостанување, а Томи Форд (САД) заврши на третото место со 1,07 секунди зад победникот. Трката се одржа во прилично топло и ветровито време. Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој поведе по првиот спуст, загуби повеќе од две секунди од Зубчиќ во второто и заврши на петтото место со 1.14 секунди зад победникот.

Норвежанецот Александар Амод Килде продолжува да биде лидер во пласманот на Светскиот куп по 32 старта од почетокот на сезоната со 1.022 поени. Тој заврши шести на денешната трка. Втор е неговиот сонародник и специјалист за технички дисциплини Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 948 поени. Трет е Алексеј Пинтуро (Франција) со 898 поени, кој денеска заврши на 15-тата озиција.

Next Post

„Пријатели“ повторно заедно по 15 години

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk