– Коалициите ќе бидат додржани и малку проширени. Со тоа што верувам дека ако ги договориме сите детали тоа ќе ја испрати пораката кој всушност ќе ја добие довербата и поддршката од граѓаните, нагласува Зоран Заев.
Заев вели дека со ДУИ има соработка како што има соработка и со другите политички партии. Тој додава дека ДУИ е досегашениот колициски партнер и уште еднаш потенцира дека СДСМ е подготвен да соработува со сите на основ на вредности, на основ на програми, на основ на концепции и доверба. Навистина со ДУИ ги решивме заедно во Владата крупните прашања, вели Заев.
Заев верува дека за прв пат ќе се смогнат сили да се направи предизборна коалиција со албанските политички партии и додаде дека СДСМ не е повеќе само македонска, туку е мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, каков што ни е и етничкиот состав на државата.
Сето тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Ј. Ѓ.