Логична е вознемиреноста на Јово Вангеловски, познат во јавноста како Јово превара, главна инсталација на режимот на Никола Груевски во судството, се вели во соопштението за јавноста од СДСМ.
Од СДСМ велат дека кумот на Трајко Велјаноски, познат како Јово превара, не може да бара политичка причина за неговото разрешување, затоа што беше разрешен поради одлука за поништување притвор после која осомничено лице се пушти во бегство.
„Наместо политички фразологии Јово превара треба да одговори пред граѓаните зошто чувал десетици предмети во фиока?
ВМРО-ДПМНЕ и нивните извршители денеска се закопаа. Пуштија снимки од разговори со кои потврдија зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство
Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен.“, велат од СДСМ.