Направиле некој тажен, лажен и непостоечки скриншот кајшто наводно на членството сум му давал насоки да го брани Шефот, пишува Марјан Забрчанец на Фејсбук.
„Нека слушнат сега бандитите од визбите за лажни вести!
Кога е Заев во прашање, и особено кога наспроти него стојат Антонио и Мицко, на членството не му треба ни моја ни ничива насока.
Лидерството на Заев и каузите кои тој ги предводи се доволни причини, сами по себе, да се биде активен и да се работи за победа на овие избори, наспроти заостанатата националистичко-криминална понуда од другата страна.
Она што треба да ги загрижи фејкњуз бандитите е тоа кој е нивниот шеф. Грујо ли е, Мицко ли е, Антонио ли е?“, пишува Забрчанец во ФБ објавата.