ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Е.Д.Е.Н: Да се дополнат владините мерки за спречување коронавирус

Со цел оптимална заштита на здравјето на граѓаните и спречување на евентуално ширење на вирусот со епидемиски размери, а врз основа на член 58 од Законот за заштита на населението од заразни болести, Е.Д.Е.Н. преку соопштение денеска побараа на предлог на Министерството за здравство, техничката влада веднаш да ги активира одредбите од член 58 од Законот и да прогласи итни мерки

February 26, 2020 11:15
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Активисти на Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. бараат Владата да преземе дополнителни итни ефективни мерки за спречување епидемија со коронавирус во државава. Сметаат дека заклучоците од 11. владина седница донесени врз основа на препораките од Кризниот штаб и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се соодветни, но недоволни.

Со цел оптимална заштита на здравјето на граѓаните и спречување на евентуално ширење на вирусот со епидемиски размери, а врз основа на член 58 од Законот за заштита на населението од заразни болести, Е.Д.Е.Н. преку соопштение денеска побараа на предлог на Министерството за здравство, техничката влада веднаш да ги активира одредбите од член 58 од Законот и да прогласи итни мерки.

Со тие мерки се бара задолжителен индивидуален скрининг според протоколите за спречување епидемии за сите патници кои влегуваат во државава, задолжителен 14-дневен строго контролиран карантин за сите патници кои доаѓаат од Италија, Хрватска, Кина, Хонгконг, Макао, Кореја и останати земји каде што има документирани случаи на коронавирус, како и задолжително ангажирање/приспособување на сите капацитети и обезбедување максимален број на простории со негативен притисок за третман на заразените.

Воедно осигурени доволни количини на COVID-19 тестови и заштитна опрема за медицинскиот персонал, доволен дотур на маски и соодветни дезинфициенси, контрола на пазарната цена и рационализација на продажбата а по потреба да активира и дополнителни мерки во согласност со Законот, официјалните информации од други земји и бројот на заболени во државава.

Бараат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да постапи во согласност со Законот за јавно здравство и да определи мерки за пропуштање на патници од подрачја со документирани случаи на коронавирус, а Институтот за јавно здравје да постапи во согласност со Законот за јавно здравство и да ги спроведува мерките од Меѓународниот здравствен правилник. Истовремено, Министерството за здравство да го објави Меѓународниот здравствен правилник на својата веб-страница како што е обврзано со Закон.

– Имајте предвид дека приближувањето на заразата во околните земји значи многу извесна опасност за Република Македонија. Ве молиме имајте предвид дека постојат поединечни случаи на инкубација од 27 дена. Македонија е земја која според Светскиот индекс за подготвеност за справување со епидемии е на 90.то место! На најниско место споредено со сите земји од Балканот и дел од африканските земји! Тоа е исклучително загрижувачки податок!, стои во соопштението.

Според активистите од Е.Д.Е.Н., основањето на кризниот штаб во рамки на Министерството за здравство не е доволно. Оттаму прашуваат врз основа на што се номинираат членовите во тој штаб, кој членува во него и дали одлуките се носат врз основа на добри практики од земји кои најдобро досега се справиле со ситуацијата, како на пример, Тајван?

Тајван, наведуваат во соопштение, уште од 23 јануари 2020 г. почнал да воведува мерки кои од ден на ден станувале сѐ построги. Забранети биле речиси сите летови од Кина, а во четиринаесетдневен карантин задолжително се сместувале лица кои само имале трансфер во Кина, Хонгконг или Макао. Кореја не ги применила мерките што ги применил Тајван и до денес Тајван има 31 потврден случај и еден починат,  а Кореја има 977, со 11 починати.

Next Post

Маричиќ: Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ за ЗЈО не поминува, тоа е партија на страната на криминалците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk