Денеска одбележуваме 16 години од смртта на прерано и трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот Кабинет и мои некогашни колеги, напиша Претседателот Стево Пендаровски на фан страницата на Фејсбук.
„Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина. Денеска им оддаваме чест на Претседателот Трајковски и членовите на Кабинетот со положување цвеќе кај Ротимље и на местата на нивните вечни почивалишта. Слава им, секогаш ќе живеат во нашите спомени“, пишува во објавата на Пендаровски.