Ханс Клухе, регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа:
Подготвеноста на властите во справувањето со корона вирусот е одлична. Им честитам на властите, бидејќи Северна Македонија направи проценка на капацитетите дали има доволно човечки ресурси и инфраструктура, дури и пред да се појави првиот случај на болеста. Ова во интервју за МИА го изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација. Според него, Северна Македонија ги применува сите стандардни оперативни процедури на влезните точки, вклучително и на меѓународните аеродроми
Денес со соопштение се јавија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ:
Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос. Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните, вели Стојановска во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
No Comment
Ј. Ѓорѓиоски