коментира: АРБЕН ЗЕЌИРИ
Првото и едиствено телевизиско соочување на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, било ви 2002 година. Тогаш, пред парламентарните избори, за прв пат се соочи со покојниот Арбен Џафери во МТВ. Оттогаш, првиот човек на „интегративците“ не се појав на ниту еден ТВ дуел со неговите опоненти.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, неколку пати го предизвика Али Ахмети на дуел. Истото го сторија и други политичари, но ниту една од тие дебати не се реализира.
Последните денови, високи претставници на Алијансата за Албанците јавно го повикуваат Ахмети на телевизиско соочување со нивниот лидер, Зијадин Села. И самиот Села го предизвика од говорницата на еден партиски собир.
Но наместо да одговорат со ДА или со НЕ, од ДУИ се правдаат дека не знаат кој е лидерот на албанската опозиција.
„Сега ние не знаеме со кого да дебатираме. Добро е тие да седнат еднаш и да се договараат кој е претставникот на опозицијата и после да пратат барање кај нас, за ние да го разгледаме. Сега, во моментов не знаеме зашто е потребен дуел со господинот Села, а зашто не со некој друг”, одговори Бујар Османи на интересот на новинарите на последниот партиски прес.