ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Каква порака праќа ВМРО на прочка преку „јунаците“ Наќе и Јохан?

Техничкиот министер за внатрешни работи Чулев, преку сликање со еден поранешен водач на параполициска формација, само покажува дека е далеку од технички министер кој треба да спроведе мирна атмосфера за граѓаните да гласаат без страв. Пораката на заедништво со Тарчуловски е спротивна на тоа.

March 1, 2020 17:59
in ESPRESSO, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Наќе Чулев во Љубанци, денешниот празник Прочка го прослави заедно со Јохан Тарчуловски, осуден воен злосторник од меѓународниот суд во Хаг за убиство на цивили во Љуботен за време на конфликтот во 2001.

„Херојот“ Јохан, кого Хашкиот суд го осуди за акција во која беа убиени невооружени цивили, старци и деца, очигледно е повторно адут за пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за изборите.

Губитникот Јохан од локалните избори 2017, кога ја изгуби трката за градоначалничко место во Кисела Вода, е лик со кој на драго срце се сликаат и старите и новите ведети на ВМРО, како Чулев, а и претходно Мизрахи, која исто така неодамна објави фотографија со Тарчуловски.

Во недостаток на понуда за сите граѓани, на понуда за нормален живот без омраза и насилство, за иднина, ВМРО ДПМНЕ повторно го нуди минатото. Оваа партија продолжува да се потпира на национализмот, на поделбите и конфликтите кои сакаме да ги заборавиме, на омразата кон Албанците, пред сè, но и кон сите други заедници.

Што може да понуди еден Јохан Тарчуловски? По што е познат? Освен по една акција, во која нападна село со цивили, на вистинските фронтови го немаше, ништо не се слушна за него.

Кој може да биде придонесот на Тарчуловски за една подобра, економски просперитетна земја? Што може Јохан да придонесе во онаа најважна битка која ни претстои, за преговори и членство во ЕУ, што ќе донесе подобар живот и стандард за сите?

Никаков придонес. Никакво знаење. Само еден лик кој служи за мобилизација на омраза, и ништо повеќе.

А техничкиот министер за внатрешни работи Чулев, преку сликање со еден поранешен водач на параполициска формација, само покажува дека е далеку од технички министер кој треба да спроведе мирна атмосфера за граѓаните да гласаат без страв. Пораката на заедништво со Тарчуловски е спротивна на тоа.

На големиот христијански празник Прочка, ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира националистичката кампања. Ова е јасна порака кон сите Македонци кои се против поделби, против омраза и против национализам. Порака која ќе ја примат и Албанците и сите заедници во земјава, а секако и меѓународната заедница.

FRONTLINE

 


ДОЗВОЛЕНО ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ И СПОДЕЛУВАЊЕ СО НАВЕДУВАЊЕ НА ИЗВОРОТ. Во рубриките ESPRESSO и ФОРУМ се објавуваат коментари и ставови. Во случаи кога е потпишана Редакцијата, значи дека во подготовката на материјалот учествуваат повеќе автор(к)и, како од самата Редакција, така и од соработничката мрежа. 
Next Post

Следниот потег на Орбан: Надвладување врз одлуките на судовите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk