ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Советот за етика во медиумите ги осудува навредите и притисоците врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс

Ги осудуваме притисоците врз новинарите, се вели во соопштението на Советот за етика во медиумите за случајот на вознемирување, навреди и онлајн притисоци врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, од лице вработено во Царинската управа на Македонија

March 2, 2020 13:45
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ги осудуваме притисоците врз новинарите, се вели во соопштението на Советот за етика во медиумите за случајот на вознемирување, навреди и онлајн притисоци врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, од лице вработено во Царинската управа на Македонија.

Последниот случај на вознемирување, навреди и онлајн притисоци врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, од лице вработено во Царинската управа на Македонија, е уште еден показател на тенденциите за попречување на работата на новинарите во известувањето за прашања од јавен интерес.

Ваквите инциденти и непријателскиот амбиент што го предизвикуваат се директен напад врз слободата на изразување, а во случајов уште позагрижувачки е што новинарката е мета на напад и како вработена во медиум и како жена.

За Советот за етика во медиумите на Македонија е целосно неприфатливо на каков било начин да се попречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од секакви закани и притисоци.
Притисоците врз новинарите, било директни или индиректни, сериозно може да влијаат врз начинот на којшто новинарите ја остваруваат својата дејност, изборот на сториите за коишто известуваат и начинот на којшто ќе обработуваат прашања од јавен интерес.

Апелираме до институциите да ги преземат соодветните мерки за целосно расветлување и расчистување на ваквите инциденти. Решавањето на случаите од овој вид ќе го обесхрабри повторувањето на ваквите чинови на притисоци врз медиумите.

Next Post

Заев: Земјава е подготвена целосно да ги следи европските препораки околу можен нов мигрантски бран

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk