ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Извештајот на ЕК нè израдува, тоа е потврда дека сме на европскиот пат

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“.

March 2, 2020 13:52
in ДЕНЕС
Зоран Заев / фото: Биљана Јордановска

Зоран Заев / фото: Биљана Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека се израдувал на Извештајот на Европската комисија, во кој се оценува дека нашата држава остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

– За мене тоа е потврда дека нашиот народ, Парламентот, Владата ги завршиле своите обврски. Тоа што зависи од нас е завршено и самиот извештај потврдува дека испративме сериозна порака оти продолжуваме на европскиот пат. Веројатно се мисли на Законот за јавно обвинителство и на останатите реформи кои што беа процесуирани преку законите за реформи во јавната администрација, продолжија со доекипирањето на АНБ, на ОТА, на безбедносните служби, а веќе во Парламентот е законот за промена на Агенцијата за разузнавање, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Заев  го посочи и сериозното работење на Антикорупциска комисија, како и дека борбата против корупцијата и криминалот продолжува со посветено темпо.

-Извештајот денеска е верификуван од страна на ЕК и ќе биде проследен до земјите членки од каде што очекуваме Европскиот совет да носи позитивни одлуки. За мене е важно тоа што беше до нас да го завршиме и го завршивме. Тоа е потврдено и во јуни и во октомври, а сега дополнително е и верифилувано дека продолжуваме и покрај историската грешка што и беше напарвена на Република Северна Македонија на октомврскиот самит на Европскиот совет, рече Заев.

Тој во оваа прилика испрати порака до европските граѓани, до нивните лидери, како и до Европската комисија која, како што рече, веќе ја заврши работата, да го исполнат своето ветување.

–  Уште еднаш напоменувам. Ние не очекуваме веднаш членство, ние очекуваме после 15 години одлука за добивање датум за почеток на преговорите и отворање на претпристапните поглавја,  каде преку вистински реформи и трансформации ќе можеме да ги користиме и огромните европски фондови кои ќе го кренат економскиот стандард кај нашиот народ, истакна Заев.

Тој посочи дека не би си дозволил да коментира кога очекува одлука. – Тоа што го вети Европскиот совет беше не подоцна од мај пред европскиот самит за Западен Балкан во Загреб, што ќе се одржи на 7-8 мај. Ние ќе чекаме кога ќе бидат готови да ја донесат одлуката. Се надевам дека ќе го израдуваат нашиот народ,час поскоро, а ние продолжуваме да работиме, рече Заев.

Во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување, се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела. МИА доби пристап до овој кус документ во кој Европската Комисија го разгледува напредокот во клучните реформски области што ги бараат земјите членки.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“.

Оттука, Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ.

Next Post

ЕК очекува земјите членки да одобрат старт на преговорите со Скопје и Тирана

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk