ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Претседателот Пендаровски се сртена со кипарскиот МНР Никос Христодулидес

Претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека Република Северна Македонија е подготвена за развој на соработката со Република Кипар во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изразил очекување за скорешно дипломатско претставување меѓу двете држави на ниво на амбасадори

March 4, 2020 15:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес, на која било разговарано за можностите за соработка меѓу двете држави по воспоставувањето на дипломатските односи во август 2019 година.

Претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека Република Северна Македонија е подготвена за развој на соработката со Република Кипар во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изразил очекување за скорешно дипломатско претставување меѓу двете држави на ниво на амбасадори.

Во однос на аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски, се вели во соопштението, го реафирмирал очекувањето дека наскоро ќе биде донесена новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде одреден датум за почетокот на пристапните преговори за членство со Унијата. Таквата одлука, според претседателот Пендаровски, ќе даде значаен придонес во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот на регионот, но и на самата Европска унија.

Претседателот Пендаровски на средбата истакнал дека државата продолжува да работи на исполнување на стратешките цели, како и на реализација на домашната реформска агенда. На средбата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења и информации за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи ја и заканата од нелегална миграција.

Next Post

Во Берово презентирана новата ЕУ програма ИПА 2020 за поддршка на општините

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk