ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лажна вест на Нетпрес, Заев го дисквалификуваше Мицкоски

Нетпрес објави текст под наслов „Заев не верува во победа – Ќе побарал по изборите техничка Влада“ на 28 февруари, кој сѐ уште може да се види во твитовите на партиските ботови. Тоа е лажна вест. 

March 7, 2020 18:55
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Илустрација за манипулативна содржина што е дел од пропагандата секако е еден текст објавен на веб страницата Нетпрес, за која во јавноста стана познато дека во 2018 година примила дел од милионските суми (во евра), црни пари, од Будимпешта. Се работи за лажна вест врз основа на манипулирање со одговор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето на водителот на ТВ дуелот на Канал 5, емитуван на 28 февруари. Прашањето на водителот се однесуваше на тоа дали е можна широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во услови на изедначен изборен резултат.

Нетпрес објави текст под наслов „Заев не верува во победа – Ќе побарал по изборите техничка Влада“ на 28 февруари, кој сѐ уште може да се види во твитовите на партиските ботови. Тоа е лажна вест.

„На прашањето дали по изборите размислува за широка коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев одговори дека токму тоа е неговиот план по изборите на 12 април. Очигледно е дека Заев не верува дека ќе победи на предвремените парламентарни избори па уште сега го подготвува теренот за техничка Влада во која ќе учествуваат сите парламентарни партии.“

Тоа не е точно. Со манипулација и кратење на одговорот на прашањето од водителот, Нетпрес се обидува да ги наведе своите читатели на заклучок сосема обратен на одговорот на Зоран Заев, во кој тој вели:

„Со ваквиот начин на водење на политики на господинот Мицковски, јас и мојата политичка партија не сме спремни да влеземе во заедничка коалиција на национално единство која што ќе седне заедно да работи…“

Со тоа, Заев го дисквалификуваше Мицкоски и неговата партија од таквата можност. Во својот одговор, Заев, секако, ја изрази и спремноста, откако ќе победи на изборите, да соработува со сите во парламентот за да се одработат поглавјата важни за македонската интеграција во ЕУ, но тоа не значи дека „заклучокот“ на Нетпрес е точен.

Заев, во продолжение на својот одговор, изјави:

„Спремен сум, и тоа како, сериозно да размислам, после победата да ги повикам сите да влеземе внатрe. Да ги повикам сите. Тоа е мој став личен, не сум го разговарал со органи и тела на партијата да влеземе и да одработиме како што треба низ поглавјата, да го скратиме процесот на преговори, да ја департизираме администрацијата, да ги вклучиме и експертите и сите капацитети на државата и да разговараме.“

Како гласеше одговорот, може да се види од 43-та минута од 4. дел од ТВ дуелот на Канал 5.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: лажни вестиМицкоскиНетпресТВ дуел

НАЈНОВО

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Ново мистериозно самоубиство во Русија: Потпретседателот на „Трансњефт“ падна од прозор и почина

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk