ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Филипче: 24 пациенти и 64 здравствени работници од Кожната клиника во изолација

Клиниката за кожни болести ќе биде затворена, пациентите ќе се пренасочат кон другите одделенија за дерматовенерологија кои ќе функционираат во градот и ширум државата.

March 9, 2020 16:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во домашна изолација се 64 здравствени работници вработени на Клиниката за кожни болести. Од 104 добар дел се здравствени работници кои присуствувале на стручното предавање и 24 пациенти, 13 кои биле хоспитализирани и 11 кои биле во дневната болница. Во изолација е и матичниот лекар од Дебарската болница кој првично ги прегледал сопружниците кои се межу заболемите од корона вирус, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче во вестите на Сител телевизија.

Посочи дека ги исконтактирале сите со кои директорката од Клиниката, која е четврти случај на заболен со корона вирус, била службено во комуникација оваа измината недела.

– Клиниката за кожни болести ќе биде затворена, пациентите ќе се пренасочат кон другите одделенија за дерматовенерологија кои ќе функционираат во градот и ширум државата. Сите пациенти се прегледани, кои можат да примат домашна терапија и се пратени на домашно лекување и здравствен надзор. Исконтактирани се и сите колеги кои присуствувале на семинарот во саботата. Добро е што станува за патологија што може да се третира и одложено, значи нема потреба од итност. Но, за некои итни потреби имавме комуникација со колегите од кожната Клиника кои можат да направат систем на ротација имајќи ги предвид колегите кои не присуствувале на тие настани, значи тоа се пред се дел од колегите од ГОБ „8 Септември“, рече Филипче.

Потенцира дека не е точно дека било пријавено во Министерството за здравство дека директорката на Клиниката за кожни болести се вратила од Италија.

– Навистина чувствувам голема разочараност за ова што се случи покрај оваа напорна 24-часовна работа овие изминати недели. Најмалку што оекувавме некој што доаѓа од фелата да не ги почитува препораките. Ќе бидат преземени соодветни мерки. Сега во овој изборен период гледаме кои се можностите. Сега Клиниката и нема да работи меѓутоа во првиот момент директорката ќе биде суспендирана. Исконтактирав со партиското раководство директорката во изминатата недела немала партиски активности, додаде Филипче.

Next Post

11 нови случаи на корона вирус во Грција

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk