Болниците во италијанскиот регион Ломбардија снемуваат болнички кревети. Дваесет дена од првиот регистиран случај на корона вирус во земјата, италијанците се борат да го спречат ширењето на заразата. Секој ден е борба за кревет плус и место во одделенијата за интензивна нега.
Болните се сместуваат во операциони сали и по ходниците на болниците.
„Многу сум загрижен,“ изјави професорот Масимо Гали, директор на Инфективната клиника Сако во Милано.
„Болниците во Ломбардија се под огромен притисок, многу ме плаши каков ефект ќе има епидемијата врз нашиот здравствен систем.“
Ломбардија, вклучувајќи го и Милано кој е главен италијански економски центар, се во карантин, заедно со 14 провинции во најпогодениот северен дел на Италија каде има население од 15 милиони жители.
Вакви драстични мерки во Италија последен пат биле преземени во Втората светска војна.
Извор: Гардијан
Превод: А. Н. С







