ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Екскурзија во Будимпешта: По друм одат, за пат прашат

Како што можеше и да се очекува, вистинските намери на опозицијата ќе се отсликаат на нивните кандидатски изборни листи. На секои избори, за сите партии, тоа е најделикатното предизборно кадровско и политичко прашање. Впрочем, и СДСМ преку тукушто објавените кандидатски листи очигледно „исплаќа“ долгови за некои од тешко донесените одлуки во минатиот состав на Собранието.

March 10, 2020 07:25
in ESPRESSO, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / CIVILMEDIA.MK

Како поминал разговорот помеѓу Груевски, Мицкоски и Николовски во Будимпешта ќе дознаеме за помалку од 24 часа. Натегањата околу составот на пратеничките листи станале толку драматични – ако им верувам на моите добро упатени извори во опозицијата, Груевски бара 12 добитни пратенички места за неговите луѓе во партијата, плус уште 6 за кои инсистира Ѓорге Иванов, а кои би се „маскирале“ под „новите“ носители на листите во 6-те изборни единици – што веќе не можеле да се решаваат преку посредници и несигурните телефонски координации.

Мицкоски имал нешто поинакви идеи од таа на пратеничките листи „да ги спасува“ партиските колеги, извршители од време на владеењето на Груевски. Неговиот аргумент, наводно, бил рационален, бидејќи со такви кандидати партијата не може да се надева на изборен успех во април, на што упатувале и испитувањата на јавното мнение кои се правени за изборните потреби.

Груевски инсистирал на цела дузина свои блиски соработници партијата и на овие избори да им обезбеди пратенички имунитет, по цена и да не се освои власта. Тоа е можеби и разбирливо, бидејќи целата таа дузина е исправена на тековни обвинителни клупи каде, ако се разочараат, можат да почнат неконтролирано да сведочат за кривично-правни настани кои го засегаат не само Груевски, туку, имено, и изборниот резултат на опозицијата. Не е Мицкоски единствениот со кого комуницира Груевски во Скопје.

Држ-недај, долги убедувања и од двете страни, кои морало, во последен момент, да се расчистат тет-а-тет во Будимпешта. Логично е што за потребите на овие расправии некој ги пуштил и неодамнешните „поздрави“ од прислушуваните разговори на Антонио Милошоски, за да ја покаже силината на своите „аргументи“.

Како што можеше и да се очекува, вистинските намери на опозицијата ќе се отсликаат на нивните кандидатски изборни листи. На секои избори, за сите партии, тоа е најделикатното предизборно кадровско и политичко прашање. Впрочем, и СДСМ преку тукушто објавените кандидатски листи очигледно „исплаќа“ долгови за некои од тешко донесените одлуки во минатиот состав на Собранието.

Но, за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ овие избори се клучни за да се види суштината на идните политики што планираат да ги водат, како еден вид на кадровско „демаскирање“ на вообичаените мед-и-млеко-бла-бла-бла наративи што ги форсираат нивните предизборни пропаганди.

ДУИ се определи за целосен континуитет на тимот кој е 17 години на власт. Али Ахмети се обложува дека со истите луѓе повторно ќе се најде во постизборна ситуација да биде коалицискиот „кинг мејкер“ и за идната влада. Проблемот за ДУИ е што, ако тој облог на Али не му успее, нема да успее ни насушно потребната среднорочна внатрешна реформа на партијата, бидејќи сегашната кадровска структура ќе биде парламентарно „забетонирана“, а без клиентелистичката „поддршка“ како главен резон за сопствената партиска опстановка.

Слично е и кај ВМРО-ДПМНЕ: ги изгубат ли изборите со кадровскиот „тикет“ од Будимпешта, Мицкоски заминува од челото на партијата, можеби разочаран, но и комплетно растоварен од какви било понатамошни обврски, на што упатува и неговата одлука да не се кандидира ни за пратеник. Партијата, пак, слично на ДУИ, ќе остане „заглавена“ во опозиција, „забетонирана“ со пратеничките кадри на Груевски во продолжена автодеструкција.

Всушност, и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ (доколку Мицкоски потклекне на инсистирањата на својот ментор) и на овие избори се надеваат на победа со слични кадри и „копија“ на политичките заложби како и во 2016 година, кога Груевски нестрпливо ѕиркаше зад завесата на еден од прозорците во Белата палата, очекувајќи го Али за повторно да состават заедничка влада. Али не дојде.

Обете партии се однесуваат како ништо – тектонски! – да не се променило во Македонија во изминатите три-четири години. Нема подобар доказ за тоа дека во земјава, на овие избори, навистина ќе се бира помеѓу минатото и иднината.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Три деца од ОУ „Владо Тасевски“ во домашна изолација – родителите биле на симпозиумот во Рагуза

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп разгледува нови санкции против Русија

September 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата прогласи прв светец од Милениум генерацијата, 15-годишник компјутерски специјалист

September 7, 2025

Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk