Бројката починати од коронавирусот надмина 4.000 на светско ниво, додека во Италија стапи на сила карантин на територијата на целата земја. Научниците потврдија дека во просек се потребни пет дена за да почнат да се покажуваат симптомите на КОВИД-19. Вирусот најчесто почнува со треска, следен од сува кашлица, а после една недела се јавуваат проблеми со дишењето, кога некои пациенти имаат потреба и од хоспитализација, пренсеува Сакам да кажам.
Научниците затоа им препорачуваат на луѓето кои би можеле да бидат заразни да се стават во 14-дневна изолација, без разлика дали имаат симптоми или не. Оние кои не покажуваат симптоми до 12. ден, најверојатно нема ни да ги развијат, но и натаму би можеле да бидат преносители на заразата.
За тоа време, кризата само се засилува во остатокот од светот: во Австрија има 131 нов случај, во Австралија 100, а во Шпанија дури 615, двојно повеќе во однос на неделата. Прв смртен случај е пријавен во Канада.






