ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Средба Меркел – Мицотакис во Берлин: Фокус на мигратското/бегалско прашање и корона вирусот

Според истите информации, Меркел рекла дека Договорот ЕУ – Турција од март 2016 не се однесува само на средствата што Анкара ги добива од Европа, туку и на почитување на обврските и рекла дека бегалското/мигрантското прашање ја засега на целата ЕУ.

March 10, 2020 12:10
in ДЕНЕС
Germany Greece

Germany Greece

Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата на грчко – турската граница кај Еврос, мигрантското/бегалското прашање, Договорот ЕУ- Турција, повеќегодишната финансиска рамка на унијата, како и новиот корона вирус биле темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германската канцеларка Ангела Меркел на нивната вчерашна средба во Берлин во рамките на грчко- германскиот економски форум, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, според информациите, детално ја информирал Меркел, за „организираниот, масовен обид за нелегален влез на европска територија на луѓе од турска страна што е во тек од 28 февруари“ и како што брифираат извори од Атина, ја истакнал директната и индиректна вмешаност на турските власти во создавањето и продолжувањето на овој обид за преминување на европските граници.

Грчкиот премиер, го споменал и објавеното видео на кое воено турско возило, за кое во Грција се коментира дека е финансирано од средства на ЕУ, се обидува да ја урне заштитната ограда на границата кај Еврос.

Според истите информации, Меркел рекла дека Договорот ЕУ – Турција од март 2016 не се однесува само на средствата што Анкара ги добива од Европа, туку и на почитување на обврските и рекла дека бегалското/мигрантското прашање ја засега на целата ЕУ.

На средбата станало збор и за потребата да се подобри конкретниот договор, како на пример да има заеднички патроли со Фронтекст не само во грчката морска територија, туку и во турската, а враќањата од Грција во Турција на бегалци и мигранти да важи освен за островите и за останатите делови од земјата.

Мицотакис и Меркел, се согласиле дека временскиот период до Самитот на ЕУ на 26 март, треба да се искористи на конструктивен начин, пред сѐ за намалување на провокациите од Турција.

Во однос на новиот корона вирус, грчкиот премиер и германската канцеларка, разговарале за последиците како врз јавното здравје, така и врз економијата.

Next Post

МНР: Да не се патува во Италија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk