ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Спасовски: Сите треба да бидеме на висина на сопствената одговорност

Според него, во оваа ситуација треба да се покаже дека може да се надминат политиканството и надмудрувањата кога е во прашање животот на нашите деца.

March 12, 2020 10:36
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски утринава во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ апелираше до сите граѓани да се однесуваат одговорно во новонастаната ситуација со корона вирусот. Тој апелираше до работниците да не ги злоупотребуваат мерките за отсуство од работа, а до работодавачите да ги почитуваат препораките.

– Повеќе од сигурно е дека треба да бидеме сите на висина на сопствената одговорност. Затоа апелираме до граѓаните да бидеме сите одговорни и да ги почитуваме препораките. Да биде одговорна бизнис заедницата во однос на хигиената и да ги почитуваат препораките колку што им дозволува производствениот процес. Апелирам и на одговорност од родителите, бидејќи имавме ситуации кога и едниот и другиот родител сакаат да го користат правото за отсуство. Затоа ги допрецизиравме одредбите дека ако треба ќе бидат повикани на работа. Ова не е состојба за искористување, рече Спасовски.

Додаде дека во овие услови во кои сите се бориме со справување со состојбата, никој не смее да биде тој кој ќе профитира на грбот на граѓаните.

За државните резерви, Спасовски рече дека има доволни и оти во одреден момент може да бидат искористени за потребите на граѓаните.

– Сега сме далеку од тоа, истакна Спасовски, апелирајќи до граѓаните дека сега нема потреба се што имаат во домашниот буџет да го искористат за складирање на прехранбени продукти.

– Државата во овој момент е на ниско ниво, уште сме во зелена фаза и не треба да создаваме дополнителни паника и да ги празниме рафтовите. Државните резерви има и во одреден момент може да бидат искористени за потребите на граѓаните, рече Спасовски.

На денешната лидерска средба што треба да се одржи во Владата, Спасовски очекува да се покаже единство и одговорност од сите политички субјекти.

– Во светот нема поважна работа од здравјето и животот на граѓаните. На оваа лидерска средба треба да разговараме во однос на мерките, да слушнеме предлози, да бидеме единствени, да повикаме на одговорност и на партиите од власта и од опозицијата и најважно од се денеска да изненадиме со нашата одговорност и со единство во однос на здравјето и животот на граѓаните, истакна Спасовски.

Според него, во оваа ситуација треба да се покаже дека може да се надминат политиканството и надмудрувањата кога е во прашање животот на нашите деца.

– Сите да бидеме дел од приказната и сите заедно да допринесеме во оваа состојба, порача Спасовски.

Next Post

(Видео) Вучиќ кашлаше на прес-конференција: „Знам дека многумина посакуваат ова да беше корона“

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk