Четворица фратари од манастирот Лендинара, во регионот Венето, североисточна Италија, се позитивни на новиот корона вирус.
Во манастирот има вкупно 20 фратари сега се во изолација.
По заразувањето на фратарите властите трагаат по сите верници кои беа биле на исповед во црквата Света Агата на 7 март, за да се тестираат дали се позитивни на Ковид-19.
Во Италија е најголем бројот на смртни случаи од новиот корона вирус надвор од Кина. Во последните 24 часа во Италија починаа 168 луѓе, со што бројот на жртви се искачи на 631, а вкупниот број на заразени изнесува 10.000 лица.