ДУИ денеска најави нова активност за грижа за старите, загрозените и изолираните лица по нивните домови од Корона вирусот.
Тоа што за јавноста изгледа позастрашувачка е најавата дека 10.000 активисти ќе се распределат низ целата земја и ќе им помагаат на оние кои ќе бараат помош на телефонската линија која ДУИ ја отворила паралелно.
Освен што се создава паралелен систем за превентива, јавноста реагира и за фактот дека 10.000 активисти не се стручњаци како оние од Кризниот штаб на Владата, или Црвениот Крст, туку партиски активисти кои повеќе ризикуваат да го шират вирусот доколку ја реализираат посетата од дом на дом, во случај да се бара навистина помош од истите.
„Додека сме во исчекување на отварањето на кампањата за парламентарните избори, ДУИ одлучи над 10 илјади свои активисти да ги стави на располагање на граѓаните со потреба. Волонтерите од #Kujdesemi ќе се распределат во секој дел на РСМ за да помагат на постарите, или оние кои одлучиле на некој или друг начин да седат дома”, најави Бујар Османи од ДУИ.
Скандалот е уште поголем што ваква опасна активност се најавува токму од поранешен министер за здравство.
А. Зеќири