Шестмина се новозаболени од корона вирус, информираше министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција во Владата.
„Вкупно денеска се теристани 12 лица, од нив позитивни на коронавирусот се шест пациенти. Едната вчера пристигнала со Визер на скопскиот аеродром, патувала со маска и ракавици, се јавила сама на пунктот на аеродромот, на сите други патници кои биле во авионот им е дадена домашна излолација. Тоа значи дека во моментов имаме 18 пациенти во државава, рече Филипче.
За сите 51 патник од авионот е даден налог за следење.
„Донесани се четири пациенти од Дебар на Инфективната клиника. Петте новодисјагностицирани пациенти ќе се лекуваат во дебарската болница. Таму има кадар, епидемиолог и инфектолози, сите се со лесна клиничка слика, налик на настинка, сите се од Дебар“, рече Филипче.